Isaiah 591990

1Ете, раката на Господа не се скусила, та да не може да спасува, и увото Негово не отврднало, та да не може да слуша.

2Но беззаконијата ваши ве разделија од вашиот Бог, и гревовите ваши прават да го сокрива лицето Свое од вас, за да не слуша.

3Зашто рацете ваше се осквернети со крв, а прстите ваши – со беззаконие; устата ваша говори лага, јазикот ваш искажува неправда.

4Никој не го крева гласот за правда, и никој не се застапува за вистина: се надеваат на суетното и говорат лага, зачнуваат зло и раѓаат беззаконие;

5матат змијски јајца и ткаат пајажина; кој ќе ги изеде јајцата нивни – умира, ако, пак, ги скрши – отровна змија ќе използи – од нив.

6Пајажините нивни не ги бива за облека, нема да се покријат со изработката своја; делата нивни се дела неправедни, а насилството е во рацете нивни.

7Нозете нивни трчаат кон зло, брзаат да пролеваат невина крв; мислите нивни – се мисли нечесни; по патеките нивни – опустошување и погибел.

8Тие не го знаат патот на мирот и на патеките нивни нема правда; патиштата им се искривени, и никој, кој оди по нив, не знае за мир.

9Затоа е и далеку од нас судот, правдата не стигнува до нас: чекаме видело, а тоа темнина, – светлина, а одиме во мрак.

10Го пипкаме ѕидот како слепи, одиме со пипкање како без очи; на пладне се сопнуваме како во мрак, меѓу живите сме како мртви.

11Сите рикаме како мечки и стенкаме како гулаби, чекаме суд, а него го нема, – спасение, но тоа е далеку од нас.

12Зашто престапите наши пред Тебе се многубројни, гревовите наши сведочат против нас; со нас се престапите наши, беззаконијата наши ги знаеме.

13Ние изневеривме и излагавме пред Господа и отстапивме од нашиот Бог; говоревме клевета и насилство, зачнувавме и раѓавме од срцата наши лажливи зборови.

14И судот отстапи назад, а правдата застана далеку; зашто вистината се сопна на плоштадот, чесноста не можеше да влезе.

15И исчезна вистината, а кој се оддалечува од злото, се изложува на оскрбување. И Господ го виде тоа; и на очите не Му беше мило што нема суд.

16И виде дека немаше човек, се чудеше дека немаше застапник; тогаш Неговата мишка Му помогна и правдата Негова Го подржа.

17И ја облече врз Себе правдата како оклоп, а на главата Своја го стави шлемот на спаснието; и се облече во риза на одмазда како во облека, се покри со ревност како со наметка.

18Според делата, според делата ќе им даде Он; на противниците Свои – со јарост, на непријателите Свои со одмазда, на островите ќе им го даде заслуженото.

19И ќе се уплашат на запад од името на Господа, на исток – од славата Негова. Ако непријателот надојде како река, – духот на Господа ќе го истера.

20И ќе дојде Искупителот за Сион и за синовите Јаковови, кои се одвратиле од нечесноста, вели Господ.

21И еве го заветот Мој со нив, вели Господ: Духот Мој, Кој е врз тебе, и зборовите Мои, што ги вложив во устата твоја, нема да отстапат од устата твоја, од устата на потомството твое и од устата на потомците на твоето потомство, вели Господ отсега и довека.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 © Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

Choose Translation

Switch translation for Isaiah 59.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.