Isaiah 5
1 Ќе му ја запеам на мојот Возљубен Неговата песна за лозјето негово. Мојот Возљубен имаше лозје на врвот од плодороден рид;
2 Тој го огради и го исчисти од камења, насади во него одбор од лозови прачки, изгради кула во средината негова, направи големи крбли; очекуваше да роди добро грозје, а тоа роди диво грозје.
3 Па сега, жители ерусалимски и мажи Јудејци, пресудете меѓу Мене и Моето лозје.
4 Што уште требаше да направам за Моето лозје и не го направив? Зошто, очекував принос од добро грозје, тоа даде диво грозје?
5 Сега ќе ви кажам што ќе направам со лозјето Свое: ќе ја иставам оградата, и тоа ќе биде опустошено; ќе му ги разрушам ѕидиштата, и ќе биде газено:
6 ќе го оставам да запусти: нема ни да го режат, ни да го копаат, – ќе обрасне во трње и боцки, ќе им заповедам на облаците да не истураат дожд врз него.
7 Лозјето на Господа Саваот е домот Израилев, а луѓето на Јуда – Негова љубена градина. И чека Он правосудие, но ете – крвопролевање; чека правда, а ете – пискот.
8 Тешко ви вам, што притурате куќа кон куќа, што присоединувате нива кон нива, така што за другите да не останува место, како да сте само вие населени на земјата!
9 Во ушите мои – Господ Саваот рече: – тие многубројни домови ќе бидат пусти, тие големи и убави куќи ќе бидат без жители;
10 десет дулуми лозје ќе дадат едно буре, а еден шиник посеано семе, одвај ќе донесе една ефа.
11 Тешко им е на оние, кои од рано утро бараат сикер и до доцна вечер се згорештуваат со вино;
12 на нивните гоштавки има и гитара, и гусле, и тимпани, и свирка и вино; а кон делата на Господа тие и не погледнуваат, ниту помислуваат за делата на Неговите раце.
13 Затоа мојот народ ненадејно ќе отиде во ропство; неговите големци ќе гладуваат, богаташите негови ќе се мачат од жед.
14 Затоа пеколот се раширил и без мерка ја отворил устата своја: таму ќе слезе нивната слава и нивното богатство, вревата нивна и сѐ што ги весели
15 И ќе се раскае човекот, ќе се смири мажот, и очите на гордите ничкум ќе поникнат;
16 а Господ Саваот се возвеличи во суд, светиот Бог ќе ја соопшти светоста Своја во правда.
17 И овците ќе си пасат по волја, и туѓи ќе се хранат со оставените плодни пасишта на богатите.
18 Тешко им на оние, што влечат по себе беззаконие со јажиња на суетноста и грев – како со колски ремења;
19 кои велат: »Нека побрза Он и нека го забрза делото Свео, за да видиме, нема се приближи и нека се исполни решението на Светецот Израилев, за да дознаеме!«
20 Тешко им на оние, кои злото го нарекуваат добро и доброто – зло, темнината ја сметаат за светлина, и светлината – за темнина, горчливото – за слатко, а слаткото – за горчливо!
21 Тешко им на оние, кои се мурди во своите очи и разумни пред самите себеси!
22 Тешко им на оние, кои се храбри вино да пијат и се во сила да приготвуваат жесток пијалок,
23 кои за подароци го оправдуваат виновниот и ги лишуваат праведните од законитото!
24 Затоа, како што огнот ја јаде сламата, и пламенот го истребува сеното, така ќе загине коренот нивни, цветот нивни ќе се разнесе како прав; зашто тие го отфрлија законот на Господа Саваот и го презреа словото на Светецот Израилев.
25 Затоа гневот на Господа ќе се разгори против Неговиот народ, ќе ја протегне раката Своја против него и ќе го порази, така што горите ќе затреперат и труповите нивни ќе бидат како ѓубре по улиците. А при сето тоа гневот Негов нема да се одврати и раката Негова уште ќе биде протегната.
26 И ќе крене знаме за далечни народи и ќе им даде знак на оние што живеат на крајот од земјата, и ете, тие лесно и брзо ќе дојдат;
27 кај нив нема да има ни умерен, ни премален; ниеден нема да задреме и нема да заспие; нема да се отпаше појасот од половината негова и нема да се одврзе ремен од чевлите негови;
28 стрелите негови се изострени, сите лакови – им се затегнати; копитата на коњите нивни се како кремења, а колцата нивни – како виор;
29 рикањето нивно е како рикањето на лавица; тој рика како лавче и ќе зарика, ќе го зграпчи пленот и ќе го однесе и никој нема да му го одземе.
30 Во оној ден ќе зарика против него како божем рикање на разбеснето море; ќе погледне Он на земајта, и ете, темнина и жалост, а светлината потемнела во облаците.