Bible

Create

Inspiring Presentations Without Hassle

Try Risen Media.io Today!

Click Here

Isaiah 43

:
Macedonian - 1990
1 А сега вака вели Господ, Кој те создал Јакове, и Кој те образувал, Изариле: не плаши се, зашто Јас те откупив, те нареков според името твое; ти си Мој.
2 Преку води ли ќе минуваш, Јас сум со тебе; преку реки ли тие нема да те потопат; ако тргнеш преку оган, нема да се изгориш, и пламенот нема да те обгори.
3 Зашто Јас сум Господ, Бог твој, Светецот Израилев, твојот Спасител; откуп за тебе го дадов Египет; Етиопија и Савеја ги дадов за тебе.
4 Бидејќи си скап во очите Мои, многу си ценет; Јас те возљубив, затоа ќе дадам други луѓе за тебе, и народи за твојата душа.
5 Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; од исток ќе го доведам твоето племе и од запад ќе те соберам.
6 На север ќе му кажам: дај; и на југ: не задржувај; доведи ги синовите Мои оддалеку и ќерките Мои од краиштата земни,
7 секого, кој се нарекува со Моето име, кого сум го создал за Мое прославување, ги создадов и направив.
8 Изведи го слепиот народ, иако има очи, и глувиот, иако има уши.
9 Нека се соберат сите народи заедно, нека се соединат племињата. Кој од нив го претскажал тоа? Нека соопштат што било во почетокот; нека доведат сведоци од себеси и да се оправдаат, за да може да се чуе и да се каже: »вистина е.«
10 А Мои сведоци, вели Господ, сте вие и Мојот слуга, што го избрав, за да знаете и да Ми верувате, да разберете дека сум тоа Јас: пред Мене немаше Бог, и по Мене нема да има.
11 Јас, Јас сум Господ, и нема Спасител освен Мене.
12 Јас предреков и спасив, однапред претскажав а друг немате, вие сте Мои сведоци, оти Јас сум Бог вели Господ;
13 од почетокот на дните Јас сум ист, никој нема да се спаси од раката Моја; Јас ќе направам, и кој ќе го измени тоа?
14 Така вели Господ, вашиот Изкупител, Светецот Израилев; заради вас испратив во Вавилон и ги исфрлив сите резиња на затворите и Халдејците, кои се гордееја со кораби.
15 Јас сум Господ, вашиот Светец, Создателот на Израилот, вашиот Цар.
16 Така вели Господ, кој отвори во морето пат, по разбранувани води патека.
17 Кој изведе бојни коли и коњи, војска и сила; сите легнаа наедно, не станаа; угаснаа, како фитил истлееја.
18 Но вие не се сеќавате за поранешното и за некогашното не помислувате.
19 Ете, Јас правам нешто ново; еве сега ќе се јави; зар и тоа не сакате да го знаете? Ќе направам пат низ степи, реки преку пустиња.
20 Полските ѕверови ќе Ме прослават, шакали и ноеви, зашто ќе им дадам вода во пустињата, реки во суви степи, за да го појам Мојот избран народ.
21 Овој народ го создадов за Себеси; тој ќе ја разгласува славата Моја.
22 А ти, Јакове, не си Ме викал: ти, Израиле, не си се трудел за Мене.
23 Не си Ми ги принесувал своите јагниња за сепаленица, ниту си Ме почитувал со жртвите свои. Не сум те принудувал да Ми служиш со лебни приноси и не сум ти дотежнувал, барајќи од тебе да Ми кадиш.
24 Не си ми купувал со сребро кадило, ниту си Ме наситувал со мрсно месо од жртвите свои; но со твоите гревови си Ме оптоварувал; со твоите беззаконија си Ми дотежнувал.
25 А Јас, Јас Сам ги бришам твоите престапи заради Самиот Себе и гревовите твои нема да ги спомнам.
26 Спомни Ме; ќе се судиме; говори, за да се оправдаш.
27 Твојот праотец згреши, а твоите застапници отстапија од Мене.
28 Затоа настојниците на светилиштето ги лишив од свештенството, Јакова го предадов на проклетство и Израилот на подбив.