Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Isaiah 3

:
Macedonian - 1990
1 Ете, Господ, Господ Саваот ќе го одземе од Ерусалим и од Јуда жезалот и помошта, секоја поткрепа во леб и вода,
2 храбар водач и војник, судија и пророк, јасновидец и старец,
3 петдесетник и големец, советник, мудар уметник и вешт гатач.
4 Ќе им дадам момчиња за началници, и деца ќе владеат над нив.
5 А во народот еден ќе угнетува друг, и секој својот ближен; момче бесрамно ќе се прави голем пред старец и простак пред големец.
6 Тогаш човек ќе се фати за братот свој, во челадта на татка си свој и ќе рече: »Ти имаш облека, биди ми водач, и овие урнатини нека бидат под твоја рака.«
7 А тој со клетва ќе рече: »Не можам да ги излекувам раните на народот; и во мојата куќа нема ни леб, ни облека: не правете ме водач на народот.«
8 Така пропаднал Ерусалим, и падна Јуда, зашто јазикот нивни и делата нивни се против Господа, навредливи пред очите на Неговата слава.
9 Изразот на лицето нивно сведочи против нив, а за гревот свој тие кажуваат отворено, како содомците, не кријат: тешко на душата нивна! Сами на себеси навлекуваат зло.
10 Кажете му на праведникот: »Блазе му, зашто тој ќе ги јаде плодовите на делата свои;
11 а на беззаконикот тешко нему, оти ќе има отплата за делата на рацете свои.
12 Притеснители на Мојот народ се децата, и жени владеат над него. Народе Мој, твоите водачи те доведуваат до заблуда и го растуриле патот, по кој одиш.«
13 Се крена Господ на суд и стои, за да им суди на народите.
14 Господ влегува во суд со старешините на Својот народ и со неговите кнезови: вие го опустошивте лозјето; ограбеното од сиромасите е во вашите куќи.
15 »Зошто го притеснувате народот Мој и ги угнетувате сиромасите?« вели Господ, Господ Саваот.
16 Потоа рече Господ: »Поради тоа што ќерките сионски се гордеат и одат со исправени вратови, што освојуваат со погледите, и ситно одат и со веришки на нозете тропкаат.«
17 Господ ќе го оголи темето на ќерките сионски, и ќе го открие срамот нивни;
18 во оној ден Господ ќе ги одземе убавите веришки на нозете, секакви ѕвездички и месечинки,
19 обетки, ѓердани и ладила, превези, гривни и појаси, стакленца со мириси и уметнички украси,
20 прстење и алки за нос,
21 горна облека и долна, шамичиња и торбички,
22 светли тенки наметки, забратки и покривала.
23 И наместо пријатен мирис ќе има смрад и место појас јаже, место кадрени коси ќелави глави, наместо широка наметка тесно вреќиште, место убавина жигосување.
24 Мажите твои ќе паднат од меч, а јунаците твои во битка,
25 и портите на престолнината ќе воздивнуваат и ќе плачат, а таа ќе седи напуштена на земјата.