Bible

Designed

For Churches, Made for Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Hosea 9

:
Macedonian - 1990
1 Не радувај се, Израиле, со преголема веселба како другите народи, оти блудствуваш, откако отстапи од својот Бог и ги милуваш даровите од блуд по сите житни гумна.
2 Гумното и кацата нема да ги нахранат, а виното ќе ги измами.
3 Тие нема веќе да живеат во земјата Господова: Ефрем ќе се врати во Египет и во Асирија ќе јадат нечисто.
4 Нема да вршат преливи со вино за Господа, и неугодни ќе Му бидат жртвите нивни; тие ќе им бидат како леб на нажалени: по сите што ќе го јадат, ќе се осквернуваат, оти нивниот леб е само за душите нивни, а во домот Господов тој нема да се внесе.
5 Што ќе правиш во деновите на собирите и во деновите на празникот Господен?
6 Оти сите тие ќе си заминат поради запустувањето; Египет ќе ги прибере, Мемфис ќе ги погребе; нивните сребрени драгоцености коприви ќе ги прекријат, во шаторите нивни ќе има трнливи грмушки.
7 Дојдоа деновите на твојата казна, дојдоа деновите за отплата. Нека разбере Израилот дека е глупав претскажувачот, безумен е оној што изјавува оти е вдахновен, поради многуте беззаконија и големата омраза.
8 Ефрем е на стража до мојот Бог; пророкот е како мрежа за лов на птици по сите негови патишта; има соблазна во домот на неговиот Бог.
9 Многу ниско падна, останаа развратени како во деновите на Гива; но Он ќе се присети за нивните беззаконија, ќе ги казни за нивните гревови.
10 Како грозје во пустиња го најдов Израилот; како чувар на ран плод на смоква, ги видов Јас татковците нивни, но тие отидоа кај Ваалфегор и се оддадоа на срамни работи, па и самите станаа нечисти како оние, што ги беа засакале.
11 Славата на Ефрема ќе одлета како птица; нема да има при нив ни раѓање, ни бременост, ниту зачнување.
12 Па макар и да одгледале деца свои, Јас ќе ги одземам; оти тешко ним, кога ќе се оттргнам од нив.
13 Ефрем, како што го видов Јас до Тир, се поставил на убаво место; но Ефрем ќе ги изведе децата свои при убиец.
14 Дај им, Господи, а што да им дадеш? Дај им утроба, што не раѓа, и суви гради.
15 Сето зло им е во Галгал; таму ги замразив Јас поради нивните лоши дела; ќе ги изгонам од Мојот дом, нема повеќе да ги сакам; сите нивни кнезови се отстапници.
16 Поразен е Ефрем; се исуши коренот нивни нема да принесуваат плод; ако и да родат, Јас ќе го умртвам нивниот сакан плод во утробата нивна.
17 Ќе ги отфрли Бог, оти тие не Го послушаа, па затоа ќе бидат скитници меѓу народите.