Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Genesis 46

:
Macedonian - 1990
1 И тргна Израил со сѐ што имаше, па, откако дојде во Вирсавија, Му принесе жртва на Бога од таткото свој Исака.
2 И му рече Бог на Израила ноќе во видение; »Јакове! Јакове!« А тој одговори: »Еве ме!«
3 Тогаш Бог му рече: »Јас сум Бог, Бог на таткото твој. Не плаши се да слезеш во Египет, оти таму ќе направам од тебе голем народ.
4 Јас ќе слезам со тебе во Египет, и Јас пак ќе те вратам ваму; и Јосиф ќе ги заклопи очите твои.«
5 И тргна Јаков од Вирсавија; и синовите Израилеви го сместија Јакова, таткото свој, и децата свои, и жените свои и имотот свој во колите, што беше им ги пратил Јосиф, за да го доведат.
6 И го зедоа доботокот свој и имотот свој, што го беа спечалиле во земјата Хананска, и дојдоа во Египет Јаков и сиот негов род заедно со него.
7 Тој ги доведе со себе во Египет синовите свои и внуците свои, и ќерките свои и внуките свои, и целото свое потомство.
8 А ова се имињата на децата Израилеви, кои дојдоа во Египет: Јаков и синовите негови. Првенецот на Јакова Рувим.
9 Синовите Рувимови: Енох и Фалос, Асрон и Харми.
10 Синовите Симеонови: Јемуил, Јамин, Аод, Јахим, Соар, и Саул, син на Хананејката.
11 Синовите Левиеви: Гирсон, Кат и Мерариј.
12 Синовите Јудини: Ир, Авнан, Силом, Фарес и Зара; но Ир и Авнан умреа во земјата Хананска. Синови Фаресови беа Есрон и Хамуил.
13 Синови Исахарови: Тула, Фува, Јов и Симрон.
14 Синови Завулонови: Серед, Алон и Ахоил.
15 Тоа се синовите Лиини, што му ги роди на Јакова во Месопотамија Сириска, заедно со Дина, ќерката негова. Сите синови и ќерки негови беа триесет и три души.
16 Синови Гадови: Сифон, Агиј, Суниј, Есвон, Ириј, Ародиј и Арилиј.
17 Синови Асирови: Емна, Есва, Усвиј и Вериј и сестрата нивна Сара. А синови на Вериј беа: Хевор и Мелхил.
18 Тоа се синовите на Зелфа, која ѝ ја даде Лаван на Лија, ќерката своја; таа му роди на Јакова шеснаесет души.
19 Синови, пак, на Рахил, жената на Јакова, беа: Јосиф и Венијамин.
20 А на Јосифа во Египет му се родија од Асенета, ќерката на Петефриј, жрецот илиополски: Манасија и Ефрем.
21 А синови Венијаминови беа: Вела, Вехер и Асвил; синови Велови: Гира, Наман, Ихиј, Рос, Упим, а Гира го роди Арад.
22 Тоа се синовите на Јакова, што му го роди Рахил, вкупно четиринаесет души.
23 А син Данов: Асом.
24 Синови Нефралимови: Асил, Гуниј, Есер и Силим.
25 Тоа беа синови на Вала, која ѝ ја даде Лаван на ќеката своја Рахил; таа му роди на Јакова вкупно седум души.
26 Сите, кои дојдоа со Јакова во Египет и кои беа излегле од бедрата негови, освен жените на синовите Јаковови, беа вкупно шеесет и шест души.
27 И двајцата синови Јосифови, што му се родија во Египет; сите души, значи, во домот на Јакова, кои дојдоа во Египет, беа седумдесет.
28 Израил го прати Јуда кај Јосифа пред себе, за да го сретне во сирискиот град Гесем, во земјата Гесемска.
29 Тогаш Јосиф ја впрегна колата своја, и му излезе во пресрет на Израила, таткото свој, во сирискиот град Гесем; и кога го виде Јаков, му се обеси околу вратот, и плачеше долго на вратот негов.
30 Потоа Израил му рече на Јосифа; »Сега, бидејќи со свои очи видов, оти си жив, можам да умрам.«
31 А Јосиф им рече на браќата свои »Одам да му соопштам на Фараонот и ќе му речам: ‚Браќата мои и семејството на таткото мој, кои беа во земјата хананска, дојдоа кај мене.
32 Тие се луѓе овчари; од секогаш се занимавале со сточарство; и ги доведоа со себе овците и говедата свои и сѐ што имаа.‘
33 А кога Фараонот ќе ве повика и ќе ве праша: ‚Каква работа работите,‘
34 вие кажете: ‚Овчари се слугите твои уште од младини па досега, и ние и татковците наши‘ за да останете во земјата Гесем Арабиски. Оти Египтјаните сите овчари ги сметаат за нечисти.«