Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezra 10

:
Macedonian - 1990
1 Додека Ездра така се молеше И исповедаше, плачејќи и лежејќи пред Божјиот дом, се собра кај него многуброен народ од Израилот, мажи, жени и деца, зашто и народот плачеше многу.
2 Тогаш се јави Сехенија, синот Јеилев од синовите Еламови, и му рече на Ездра: »Згрешивме пред нашиот Бог, зашто земавме жени од народите на таа земја, но уште има надеж за Израилот во таа работа;
3 да се заветува сега пред нашиот Бог, дека ќе ги отпуштиме сите другоплемени жени и родените од нив деца, и нека биде по законот на нашиот Бог, и според законот нека биде.
4 Стани, зашто ова е твоја работа, и ние сме со тебе: биди храбар и работи!«
5 Тогаш стана Ездра и им порача на старешините над свештениците, левитите и над сиот Израил да положат клетва, дека ќе направат така. И тие се заколнаа.
6 Стана Ездра и тргна од Божјиот дом кон зградата на ризницата при Јоханана, Јелисувавиот син, и стигна таму. Леб не јадеше и вода не пиеше, зашто плачеше поради претстапите на преселниците.
7 И им соопштија по Јудеа и во Ерусалим на сите, што беа во пленство, да се соберат во Ерусалим,
8 а на оној што не ќе дојде за три дни, ќе му се одземе имотот, по решение на кнезовите и старешините, целиот имот негов, а самиот тој ќе биде отсранет од општеството на преселниците.
9 И во тие три дни се собраа во Ерусалим сите жители на Јудеа и на земјата Венјаминова. Тоа беше во деветтиот месец на дваесеттиот ден од месецот. Седеше сиот народ на плоштадот пред Божјиот дом и трепереше, како поради таа работа, така и од дождот.
10 Тогаш свештеникот Ездра стана и им рече: »Вие направивте престап, земајќи жени од други племиња и со тоа ја зголемивте вината на Израилот;
11 затоа, покај те се пред Господа Бога на вашите татковци, и исполнете ја волјата Негова, одвојте се од народите на таа земја им од жените од други племиња.«
12 Целото собрание одговори и рече со силен глас: »како што рече, така и ќе направиме.
13 Но народот е многуброен, и времето е сега дождовно, та неможе да се стои на улица. Па и таа работа не е ни за ден, ниту за два, зашто ние згрешивме многу во таа работа.
14 Нека се изберат заменици на кнезовите за целото општество, и сите во нашите градови, што зеле жени од други племиња, да доаѓаат тука во определено време заедно со старешините и судиите на секој град, додека не се одврати од нас пламнатиот гнев на нашиот Бог поради таа работа.«
15 Тогаш се зафатија со таа работа Јонатан, син Асаилов, И Јасија, син Текуев, а Месолам И Саватај, левит, беа нивни помошници.
16 Така направија дојдените од пленство. За тоа беа одредени: свештеникот Ездра, началниците од секое нивно поколение, и старешините на нивните домови сите по име. Тие се собраа на заседание во првиот ден на десеттиот месец, за да ја испитаат таа работа;
17 и го извршија испитувањето за сите, што беа зеле жени од други племиња, кон првиот ден од првиот месец.
18 И се најдоа од свештеничките синови, што беа зеле жени од други племиња, од синовите на Исуса, синот Јоседеков и бараќата негови: Маасија, Елиезер, Јарим и Гадалија;
19 тие ја дадоа раката своја за уверување, дека ќе ги напуштат жените свои и дека, како виновни, ќе принесат жртва по еден овен за вината своја;
20 Од Имеровите синови: Ананиј и Завдија;
21 Од Харимовите синови: Маасија, Елија, Самија, Јеил и Озија;
22 Од Пасхоровите синови: Елиоинај, Масија, Исмаил, Натанаил, Јозавад и Еласа;
23 Од левитите: Јозавад, Симеј и Ќелаја, тој е и Ќелит, Патахија, Јуда и Елиезер;
24 Од певците: Елисав; Од вратарите, Салум, Телем и Уриј;
25 А од Израилиците, Фаресовите синови: Рамија, Азија, Мелхија, Мелмин, Елеазар, Асавија и Венеја;
26 Од синовите Иламови: Матанија, Захарија, Јаил, Авдиј, Јеримот и Елија;
27 Од синовите Затуеви: Елионај, Елисув, Матанај, Армот, Завад и Озиз;
28 Од синовите Вавениеви: Јоанан, Ананија, Завуј и Атлај;
29 Од синовите Вануеви: Месолам, Малух, Адаја, Јасуф, Саал и Римот;
30 Од синовите на Фат-Моава: Еднеа, Халил, Ванаја, Маасија, Матанија, Веселеил, Вануј и Манасија;
31 Од синовите Иримови: Елиезер, Јесија, Мелхија, Самаја, Симеон.
32 Венјамин, Валух, Самарија;
33 Од синовите Асимови: Метанија, Матата, Завад, Елифелет, Јеремај, Манасија и Семеј;
34 Од синовите Ваниеви: Мадија, Амрам и Уил.
35 Ванаија, Вадаја, Хелија,
36 Ванија, Маримот, Елијасиф,
37 Матанија, Матанај, Јаасај,
38 Синови Ваниеви, и синови Семееви,
39 Салемија, Натан, Адаија,
40 Махнада, Авусесеј, Аруесрил,
41 Азариел, Селемиј, Семарија,
42 Салум, Амарија и Јосиф
43 Од синовите Невови: Јеил, Мататија, Завад, Зевенај, Јадај, Јоил и Ванеја.
44 Сите тие си беа зеле жени од други племиња, а некои од тие жени им беа родиле и деца.