Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 48

:
Macedonian - 1990
1 А ова се имињата на колената. На север, по патот што води од Хетлон за Емат и Хацар Енон, на меѓата меѓу Дамаск и Емат, сето тоа од исток па сѐ до морето е еден дел за Дан.
2 А од границата на Дан, од север па до запад, тоа е еден дел за Асира.
3 Од границата, пак, на Асира, од источниот крај па до западниот, тоа е дел еден за Нефталима.
4 До границата на Нефталима, од источниот крај па сѐ до западниот, тоа е еден дел за Манасија.
5 До границата на Манасија, од исток до запад, тоа е еден дел за Ефрема.
6 До границата на Ефрема, од источниот крај па сѐ до западниот, тоа е еден дел за Рувима.
7 До границата на Рувима, од исток до запад, тоа е еден дел за Јуда.
8 А до границата на Јуда, од исток до запад, е свештениот дел, широк дваесет и пет илјади трски и долг колку што се и другите делови, од исток па сѐ до запад? Во средината негова се наоѓа светилиштето.
9 Делот што е посветен за Господа ќе биде долг дваесет и пет илјади трски, а широк десет илјади.
10 И тој свештен дел треба да им припаѓа на свештениците, кој е од северната страна долг дваесет и пет илјади лакти, а од кај морето широк десет илјади, и од кај исток широк десет илјади, а од кај југ долг ќе биде дваесет и пет илјади, додека спроти него ќе биде поставено светилиштето на Господа.
11 Дајте им го тоа на свештениците од синовите на Садока, што Ми стоеја на стража, кога отстапуваа синовите Израилеви, но тие не отстапија од Мене, како што отстапија другите левити.
12 Ним ќе им припадне тој дел од свештената земја, Свјатаја Свјатих, во пределот на левитите.
13 И левитите ќе добијат во свештеничкиот дел дваесет и пет илјади трски надолж и десет илјади нашир; целата должина ќе е дваесет и пет илјади трски, и ширина десет илјади.
14 Од тој дел тие не можат ни да продаваат, ниту да сменуваат; и првините од земјата не можат да ги пренесуваат на други, зашто тоа е светиња Господова.
15 А другите пет илјади лакти во ширина од дваесет и пет илјади и во должина пет илјади, ќе се определат за општа употреба на градот, за населби и за предградија; градот ќе биде во средината.
16 А еве ги мерките од северната страна четири илјади и петстотини трски, од јужната четири илјади и петстотини, од источната четири илјади и петстотини и од западната страна четири илјади и петстотини.
17 Предградието, пак, на градот ќе биде двесте и педесет лакти од север, двесте и педесет од исток, двесте и педесет од југ и двесте и педесет од запад.
18 А она што ќе преостане од должината спроти свештениот дел десет илјади спрема исток и десет илјади спрема запад, спроти свештениот дел, ќе биде земја, чии производи ќе служат за исхрана на работниците во градот.
19 Во градот ќе можат да работат работници од сите Израилеви колена.
20 Одвоениот дел од дваесет и пет илјади лакти во должина и дваесет илјади во ширина, четириаголен, определете го како свештен дел, вклучувајќи ги во него и владенијата на градот.
21 А сѐ што ќе остане, да биде за кнезот. Како откај свештениот дел, така исто и откај владенијата на градот, спроти дваесет и петте илјади трски до источната граница, на делот, и на запад спроти дваесет и петте илјади лакти на западната граница, сразмерно со сите делови е делот на кнезот, така што свештениот дел и светилиштето да бидат во средината негова.
22 А она што ќе остане од левитските владенија и од владенијата на градот во средината, ќе му припадне исто така на кнезот: меѓу границата на Јуда и меѓу границата на Венијамина.
23 Остатокот, пак, од колената, од источниот крај до западниот е еден дел за Венијамина.
24 До границата на Венијамина, од исток до запад, ќе биде еден дел за Симеона.
25 До границата на Симеона, од исток па до запад, тоа ќе биде еден дел за Исахара.
26 До границата на Исахара, од источниот крај па до западниот, ќе е еден дел за Завулона.
27 До границата на Завулона, од исток па до запад, еден дел за Гада.
28 А до границата на Гада, од јужната страна, се протега јужниот крај од Тамара до водите на Мерива во Кадис, по должината на потокот сѐ до големото море.
29 Ете, тоа е земјата што со жреб ќе ја разделите меѓу Израилевите колена, и тоа се деловите, вели Господ Бог.
30 А ова се излезите на градот: од северната страна четири илјади и петстотини мерки,
31 и портите на градот се именувани со имињата на колената Израилеви: од северната страна три порти Рувимова, Јудина, Левиева.
32 И од источната страна четири илјади и петстотини мерки, со три порти Јосифова, Венијаминова, Данова.
33 И од јужната страна четири илјади и петстотини мерки, со три порти: Симеонова, Исахарова и Завулонова.
34 Од страната на морето, пак, четири илјади и петстотини мерки, и три порти: Гадова, Асирова и Нефталимова.
35 А мерката наоколу ќе изнесува осумнаесет илјади. И градот од тој ден ќе се именува: »Господ е таму«.