Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Ezekiel 47

:
Macedonian - 1990
1 Потоа ме врати кај вратата на храмот, а ете, таму, под прагот на храмот течеше вода кон исток, бидејќи храмот беше свртен кон исток, и водата течеше од под десната страна на храмот, јужно од жртвеникот.
2 Ме изведе низ северната врата и однадвор ме поведе кон надворешната врата, по патот, свртен кон исток, каде што водата течеше од десната страна.
3 Кога тој човек појде кон исток, во раката држеше врвца; тогаш тој измери илјада лакти и ме поведе преку водата; водата беше длабока до глуждовите.
4 Потоа измери уште илјада лакти и пак ме преведе преку водата; водата беше длабока до колена. Измери уште илјада лакти и ме преведе преку: водата беше длабока до појасот.
5 И пак измери уште илјада лакти, а таму веќе имаше поток, преку кој јас не можев да минам, бидејќи водата беше толку висока, што требаше да пливам, оти тој поток не можеше да се прегази.
6 Па ми рече: »Виде ли, сине човечки?« Потоа ме поведе назад кон брегот на потокот.
7 А кога се вратив назад, таму, пак, на бреговите од едната и од другата страна имаше многу дрвја.
8 И ми рече: »Ова вода тече кон источниот дел на земјата, се спушта во рамнината и потоа ќе се влива во морето; и водите на потокот ќе бидат здрави.
9 И секое живо суштество, што ќе се движи таму, каде што се вливаат двете струи, ќе биде здраво; и риби ќе има таму многу, зашто таа вода ќе се влива таму; и водите на морето ќе станат здрави, и каде што ќе се влива тој поток, таму сѐ ќе биде живо.
10 И до него ќе стојат рибари од Ен Гади до Еглаим, ќе фрлаат мрежи. Ќе има секаков вид риба, како и во големото море, и ќе има многу, многу риба.
11 Калиштата и барите негови, што нема да стана здрави, ќе бидат оставени за сол.
12 По бреговите на потокот од едната и од другата страна ќе растат секакви дрвја, што ќе даваат храна; лисјата нивни нема да свенуваат и плодовите нивни нема да завршуваат; секој месец ќе зреат нови, оти водата од светилиштето тече за нив; плодовите нивни ќе служат како храна, а лисјата нивни за лек.«
13 Вака вели Господ Бог: »Еве ја распределбата, според која вие ќе треба да ја разделите земјата во наследство помеѓу дванаесетте Израилеви колена на Јосифовите два дела.
14 Па наследете ја, како едниот, така и другиот; зашто Јас, кога ја кренав раката, се заколнав дека ќе им ја дадам на татковците ваши, и таа земја ќе ви биде наследство.
15 А еве ја границата на земјата: од север, почнувајќи од големото море, преку Хетлон, по патот за Цедад,
16 Емат, Берот, Сивраим, што се наоѓа меѓу областа на Дамаск, и Емат, Хацар Тихон, кој се наоѓа на Авранската граница.
17 И границата од морето ќе биде до Хацар Енон, границата со Дамаск и понатаму на север сѐ до областа Емат: тоа ќе биде северниот крај.
18 Од источната страна повлечете црта меѓу Авран и Дамаск, меѓу Галад и земјата Израилева, по реката Јордан сѐ до морето источно: тоа е источната граница.
19 А од јужната граница спрема југ од Тамара до водата на Мерива во Кадис, сѐ по должината на потокот до големото море: тоа е јужната граница.
20 Западната граница ќе биде великото море, од југ до местото спроти Емат: тоа е западната граница.
21 Разделете си ја таа земја на делови според Израилевите колена.
22 А разделете ја со жреб како наследство свое и наследство на другоземци, што живеат при вас, и кои родиле деца при вас, па и тие нека се сметаат како туѓоземци, и да имаат дел од наследството меѓу колената Израилеви.
23 При чие колено живее туѓоземец, при него дајте му и негово наследство«, вели Господ Бог.