Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Exodus 4

:
Macedonian - 1990
1 Тогаш Мојсеј одговори и рече: »А ако не ми поверуваат и не го послушаат гласот мој, туку ми речат ‚Не ти се јавил Гопод?‘ Што ќе им речам?«
2 А господ му рече: »Што ти е тоа во раката?« А тој одговори: »Стап.«
3 И му рече: »Фрли го на земја!« И го фрли на земја, а тој стана змија. И Мојсеј извега од неа.
4 А Господ му рече на Мојсеја: »Испружи ја раката своја, па фати ја за опашката.« И ја испружи раката и ја фати за опашката, и пак стана стап во раката негова.
5 »Така ќе поверуваат, оти ти се јавил Господ, Бог на татковците твои, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.«
6 И пак му рече Господ: »Стави ја сега раката свој во пазувата своја!« И тој ја стави раката своја во пазувата своја; а кога ја извади, а тоа раката му побелела од лепра, како снег.
7 И пак му рече Господ: »Стави ја пак раката своја во пазувата своја!« И пак ја стави раката своја во пазувата своја; а кога ја извади од пазувата, таа пак станала, како што му беше целото тело негово.
8 »Па, ако не ти поверуваат и не го послушаат гласот твој при првиот знак, ќе ти поверуваат при вториот знак.
9 А ако не поверуваат ни на двата знака и не го послушаат гласот твој, а ти тогаш земи вода од реката, и истури ја на суво; и водата, земена од реката, ќе се претвори во крв на земјата.«
10 А Мојсеј Му рече на Господа: »О, Господи, Те молам, не сум доброречив човек; ни порано сум бил, ниту вчера, ни завчера, па ни сега, откако проговори Ти со слугата Твој, бидејќи немам добра глас и тепкам, тешко зборувам.«
11 А Господ му рече на Мојсеја: »Кој му дал уста на човекот? Кој го прави нем, или глув, да гледа, или да е слеп? Зар не Јас ли, Господ Бог?
12 Па сега, оди, и Јас ќе ти ја отворам устата твоја, и ќе те научам, што ќе зборуваш.«
13 Но Мојсеј пак рече: »Те молам, Господи, избери друг, што ќе го испратиш.«
14 И се разгневи Господ на Мојсеја, и рече: »Не ли ти е брат Арон Левитот? Знам дека е способен и тој ќе зборува наместо тебе; и еве тој ќе те сретне, и, кога ќе те види, ќе се зарадува во себе.
15 Нему ќе му кажеш и ќе ги ставиш Моиве зборови во устата негова, и Јас ќе ти ја отворам устата твоја и устата негова и ќе ви покажам што да правите.
16 И тој место тебе ќе му зборува на народот; и така тој ќе ти биде тебе уста, а ти ќе му бидеш нему место Бога.
17 А тој стап што беше претворен во змија, земи го во својата рака. Со него ќе правиш чуда.«
18 Тогаш отиде Мојсеј и се врати при Јотора, тестот свој, и му рече: »Ќе појдам и ќе се вратам кај браќата мои во Египет, да видам дали се уште живи.« И му рече Јотор на Мојсеја: »Оди со здравје!« По оние многу денови умре царот египетски.
19 И му рече Господ на Мојсеја во земјата Мадијамска: »Оди, врати се во Египет, зашто изумреа сите, што ја бараа душата твоја.«
20 Тогаш ја зеде Мојсеј жената своја и децата свои, и ги качи на осли, и се врати во Египет. А стапот Божји го зеде Мојсеј во раката своја.
21 И му рече Господ на Мојсеја: »Кога ќе отидеш и се вратиш во Египет, гледај да ги направиш пред Фараонот сите чудеса, за кои ти дадов моќ во рацете твои. А Јас, пак, ќе го ожесточам срцето негово, да не го пушти народот.
22 А ти кажи му на Фараонот: ‚Вака вели Господ Бог еврејски: Израил е Мојот првороден син.‘
23 ‚Ти реков да го пуштиш народот Мој да ми послужи. Ако одбиеш да го пуштиш, внимавај Јас ќе ги убијам твојот првороден син.‘«
24 И кога патем ноќеваше, го сретна Ангел Господов и сакаше да го убие.
25 Тогаш Сепфора зеде остар камен, и го обреза крајот од телото на својот син, и клекна пред нозете на Мојсеја и рече: »Ете ја крвта од обрезанието на мојот син!«
26 Тогаш Ангелот отиде од него; а таа рече: »Поради обрезанието застана крвта на синот мој.«
27 А Господ му рече на Арона: »Излези во пустињата и отиди да го сретнеш Мојсеја!« И отиде да го сретне на планината Божја, и се целиваа обајцата.
28 Мојсеј, пак, му ги кажа на Арона сите зборови Господови, Кој го испрати, и сите знаци, што му ги беше заповедал.
29 И отидоа Мојсеј и Арон и ги собраа сите старешини и синовите Израилеви.
30 А Арон им ги кажа сите збороди, што му ги беше кажал Господ на Мојсеја, а Мојсеј ги изврши сите знаци пред народот.
31 Народот поверува и се израдуваа зашто Господ Бог ги посети синовите Израилеви и погледна на маката нивна, па паднаа на колена и се поклонија.