Bible

Elevate

Your Sunday Morning Worship Service

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Deuteronomy 17

:
Macedonian - 1990
1 »Не принесувај жртва на Господа, твојот Бог, вол, или овца, кои се повредени, или имаат некаков недостаток, бидејќи тоа е гнасотија пред Госпдоа, твојот Бог.
2 Ако се најде при тебе во еден од градовите твои, кои Господ, твојот Бог, ти ги дава, маж или жена, што ќе направи зло пред Господа, твојот Бог, и со тоа го престапат заветот Негов,
3 па тргнат и почнат да им служат на други богови, и им се поклонуваат ним, или на сонцето, или на месечината, или на сѐ што е небеско, кое Јас не сум го заповедал,
4 и ти биде соопштено, и ти провериш добро; па, ако е тоа вистина, ако е направена таква гнасотија во Израилот,
5 изведете ги тој маж, или таа жена, што го направиле тоа зло, пред вратата и убијте ги со камења, за да умрат.
6 Според зборовите на двајца или тројца сведоци осудениот на смрт треба да умре: не смее да се погубува само на еден сведок;
7 прво раката на сведоците треба да падне врз него, за да биде убиен, потоа рацете на целиот народ; така истребете го злото од вас самите.
8 Ако по некое дело ќе биде тешко за тебе да пресудиш меѓу крв и крв, меѓу суд и суд, меѓу рана и рана, и меѓу расправа и расправа на судиите од твоите градови, стани и оди во местото, што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива името Негово таму,
9 и пријди кај свештениците левити и при судијата, што ќе биде во тие денови, прашај ги, и тие ќе ти кажат, како да пресудиш.
10 И постапи, онака како што ќе ти кажат на местото што ќе го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива името Негово таму, и гледај да извршиш сѐ што ќе ти кажат тие;
11 според законот и според пресудата што ќе ја кажат, постапи така и не отстапувај ни десно ни лево од она, што ќе ти го кажат тие.
12 А кој ќе постапи гордо, и не ќе го послуша свештеникот, што е таму на служба пред Господа, твојот Бог, или судијата, што ќе биде во тие денови, тој треба да умре. Така исчистете го злото од Израилот;
13 па целиот народ ќе чуе, и ќе се уплаши, и во иднина нема да постапува нечесно.
14 Кога ќе влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава со жреб, и ја примиш, и се населиш во неа, и речеш: ‚ќе си поставам кнез, како другите соседни народи‘,
15 постави си кнез, кого Господ, твојот Бог, ќе го избере, постави си кнез од браќата твои; не смееш да поставиш за кнез туѓинец, кој не е твој брат.
16 Но тој да не ги умножува коњите свои и да не го врати народот во Египет, за да ги умножи коњите свои, бидејќи Господ ви рече: ‚не обидувајте се да се вратите веќе по тој пат‘;
17 и да не ги умножува жените свои, за да не се разврати срцето негово, и да не натрупува сребро и злато прекумерно.
18 А кога ќе седне со власт на престолот, нека си направи препис на овој закон од книгата, што се наоѓа кај свештениците левити,
19 и нека ги држи кај себе и нека го чита во сите денови на неговиот живот, за да се научи да се бои од Господа, својот Бог, и да ги пази и да ги исполнува сите овие заповеди и наредби;
20 за да не се возгордее срцето негово пред неговите браќа, и да не отстапува од законите ни десно, ни лево, за да остане на власт многу години, тој и синовите негови во Израилот.«