Amos 61990

1Тешко им на оние што се без грижа во Сион и на оние што се надеваат на гората Самариска, кои се првенци во народот, и при кои доаѓа домот Израилев!

2Минете во Калне и видете, оттаму одете во Великиот Емат и спуштете се во Гет филистејски: зар не се подобри тие во овие царства? Не ли се пошироки нивните предели од вашите предели?

3Тешко вам, кои сметате дека е далеку злочестиот ден, а правите да се приближи славата на насилството,

4вие, кои лежите на легла од слонова коска и се оптегате на постелите свои, вие, кои јадете најдобри овни од стадото и телиња од богато пасиште,

5вие, кои пеете по звукот на гусла, мислејќи дека свирите како Давид,

6вие, кои пиете вино од чаша, се мачкате со најдобри масла и не ве боли срцето за злото на Јосифа!

7Затоа сега тие ќе појдат први во ропство пред заробените, и ќе се заврши ликувањето на разнежените.

8Се колне Господ Бог Сам во себе и вака вели Господ, Бог Саваот: се гнасам од гордоста на Јакова и ги мразам дворците негови, и ќе го предадам градот и сѐ, што го исполнува.

9И, ако во некоја куќа останат десет души, и тие ќе умрат.

10ќе ги земе роднината нивни или соседот, за да ги изнесе коските нивни од куќите, па ќе го прашаат оној, кој стои пред куќата: »има ли уште некого?« Тој ќе одговори: »нема никого«. И овој ќе рече: »молчи, оти не бива да се спомнува името Господово.«

11Зошто, ете, Господ ќе даде заповед и ќе ги сосипе големите куќи преку расцепување, а малите со напукнување.

12Трчаат ли коњите по карпа? Може ли таа да се изоре со волови? Вие, пак, го превртувате правосудството во отров, а плодот на правдата – во горчина;

13вие, што се восхитувате од ништо и од никакви работи и велите: »зар не спечаливме со силата на својата моќ?«

14Еве, Јас, вели Господ Бог Саваот, ќе подигнам народ против вас, доме Израилев и ќе ве истерам од влезот во Емат до потокот во пустињата.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 1990, 2016 © Bible Society of the Republic of Macedonia 1990, 2016

Choose Translation

Switch translation for Amos 6.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.