Revelation 12MNT

1Потоа на небото се покажа една чудна појава: жена облечена со Сонцето. Под нејзините нозе беше Месечината, а на главата имаше венец со дванаесет ѕвезди.

2Жената се породуваше и врескаше од породилни болки.

3Тогаш и друга глетка се појави на небото: еден голем црвен Змеј со седум глави и десет рогови; на секоја од седумте глави имаше круна.

4Со својата опашка Змејот завлече една третина од ѕвездите на небото и ги собори долу на Земјата. Потоа Змејот се упати кон жената за да и го погуби Детето, откако ќе Го роди.

5Жената роди Син, Кој ќе владее над сите народи со железен скиптар. Синот беше издвоен и однесен кај Бог, на Неговиот престол.

6Жената, пак, побегна во пустината, на местото што Бог го беше приготвил како засолниште за неа - таму да биде згрижена илјада двесте и шеесет дни.

7Тогаш изби војна на небото: Михаел и ангелите под негова команда завојуваа против Змејот и неговите ангели.

8Змејот беше поразен и тој и неговите ангели беа исфрлени од небото.

9Големиот Змеј, старата Змија, што ги мами сите жители на Земјата, познат како Ѓавол и Сатана, беше фрлен на Земјата, заедно со неговите ангели.

10Потоа чув глас од небото, кој рече: „Сега дојде спасението и Царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Помазаник, бидејќи тужителот на Божјите луѓе, кој деноноќно ги обвинува пред нашиот Бог, е исфрлен!

11Тие го победија преку крвта на Јагнето и со вистината што ја проповедаа, за која храбро ги жртвуваа и сопствените животи.

12Затоа, нека се весели небото со сите свои жители! А тешко си им на Земјата и на морето, бидејќи Ѓаволот е фрлен кај нив! Тој е силно разгневен, зашто знае дека му преостанува уште само малку време!“

13Кога Змејот виде дека е исфрлен на Земјата почна да ја прогонува жената што го роди Синот.

14Но на жената и беа дадени две крилја како на голем орел, за да може да се скрие во пустината. Таму таа се избави од Змијата и беше згрижена за време од три и пол години.

15Тогаш Змијата од својата уста испушти млаз од вода како река, обидувајќи се да ја однесе жената со водената струја.

16Но Земјата и притекна на помош на жената и ја голтна реката што излезе од устата на Змејот.

17Поради тоа, Змејот се разгневи на жената. Тој тргна во војна против останатите нејзини потомци - против оние што ги извршуваат Божјите заповеди и што Му се верни на Исусовото дело и учење.

Copyright © Dynamic Equivalence Translation of the New Testament in Macedonian 1999 by HBC Radosna Vest, Skopje, Macedonia. All rights reserved.

Choose Translation

Switch translation for Revelation 12.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.