Bible

Power Up

Your Services with User-Friendly Software

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Corinthians 13

:
Macedonian - MNT
1 И да умеам да зборувам на сите можни јазици, човечки и ангелски, а немам љубов, јас би бил како гонг што одѕвонува, како цимбал што ѕвечи.
2 И да имам дарба да пророкувам, да ги знам сите тајни, да го имам собрано целото знаење, да имам вера што може планини да преместува, а немам љубов - не вредам ништо!
3 И да раздадам на сиромаси се што имам, па и сопственото тело да си го жртвувам, а немам љубов - ништо не сум постигнал!
4 Да имаш љубов, значи: да имаш голема стрпливост и да бидеш љубезен. Да не си завидлив, да не се фалиш, да не се вообразуваш.
5 Да не бидеш груб, да не бидеш себичен, да не бидеш избувлив, да не паметиш зло.
6 Да не се радуваш на ниедна неправда, а да се радуваш на вистината.
7 Секогаш да имаш разбирање за другите, секогаш да веруваш, секогаш да се надеваш и се да поднесуваш.
8 Љубовта е вечна, а пророкувањата ќе престанат, зборувањето на непознати јазици ќе молкне, сегашното знаење ќе се надмине.
9 Зашто, нашето знаење е нецелосно, па и пророштвата само малку ни откриваат;
10 а кога ќе дојде времето на совршенството, се што е нецелосно ќе исчезне.
11 Кога бев дете, зборував како дете, размислував како дете и расудував како дете. Кога станав зрел човек, престанав да се однесувам како дете.
12 Ние сега гледаме нејасно, како во замаглено огледало, а тогаш ќе бидеме лице в лице со Бог, и се ќе ни стане јасно. Се што знам сега е нецелосно, а тогаш се ќе знам совршено, како што мене Бог совршено ме познава.
13 Има три работи што ќе опстојат: верата, надежта и љубовта; а од сите нив, најголема е љубовта.