Zechariah 6MKB

1И ги подигнав очите и видов: ете, четири бојни коли излегуваат меѓу две гори; а горите беа од бронза.

2Во првата кола беа костенливи коњи; во втората кола црни коњи;

3во третата кола бели коњи, а во четвртата кола лисести коњи.

4Му се обратив на ангелот кој зборуваше со мене и го прашав: „Што е тоа господару?”

5Ангелот ми одговори вака: „Тие тргнуваат кон четирите страни на небото откако стоеја пред Господарот на целата земја.

6Костенливите коњи тргнуваат во Источната Земја; црните во Северната Земја; белите во Западната Земја, а шароликите во Јужната Земја.”

7Тие чекорат цврсто, нестрпливи за да ја обиколат земјата! И тие тргнаа да ја обиколуваат земјата.

8Тој ме повика и ми рече: „Гледај, оние што тргнаа во Северната Земја ќе го смират мојот дух во Северната Земја.”

9И ми дојде Господово слово:

10„Земи приноси од заточениците - од Хелдај, од Тобиј и од Једај - и тргни денес и влези во домот на Јосиј, синот Софониев, кој дојде од Вавилон.

11Земи сребро и злато, направи круна и стави ја на главата на Исус синот Јоседеков, велесвештеник.

12И речи му: „Господ над Војските зборува вака: ‘Еве го човекот кому му е името Подник; од под него ќе израсне и тој ќе го изгради Господовиот Храм.

13Тој ќе го изгради Господовото Светилиште и ќе се прослави. Тој ќе седи и ќе владее на својот престол. А ќе биде и свештеник на престолот свој. Совршена складност ќе биде меѓу нив.”‘

14„А круната нека остане во Господовото Светилиште за спомен на Елема, Тобиј, Једај и Јосиј, синот Софониев.

15И оние што се далеку ќе дојдат и ќе го изградат Господовото Светилиште. Така ќе знаете дека Господ над Воинствата ме испрати кај вас. Тоа ќе се збидне ако навистина го послушате гласот на Господа, вашиот Бог.”

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Zechariah 6.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.