Revelation 5MKB

1И видов во десницата на Оној, Кој седеше на престолот, книжен свиток, напишан одвнатре и однадвор, запечатен со седум печати.

2И видов силен ангел како објавува со голем глас: „Кој е достоен да го отвори свитокот и да ги скрши неговите печати?”

3И никој ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата, не можеше да го отвори книжниот свиток, ниту да погледне во него.

4А јас плачев многу, зашто не се најде никој достоен да го отвори и да го прочита свитокот, ниту да погледне во него.

5И еден од старешините ми рече: „Не плачи, ете, победи Лавот од Јудиното племе, Давидовиот корен, па може да го отвори свитокот и да ги одврзе неговите седум печати.

6Видов, и ете, среде престолот и четирите живи суштества и среде старешините: Јагне, што стои како заклано, со седум рогови и седум очи; тоа се седумте Божји Духови, пратени по целата земја.

7И дојде и го зеде книжниот свиток од десницата на Оној, Кој седи на престолот.

8И кога го зеде свитокот, четирите живи суштества и дваесет и четирите старешини паднаа пред Јагнето, и секој имаше китара и златни чаши, полни со темјан, а тоа се молитвите на светите.

9И пееја нова песна, велејќи: „Достоен си да го земеш книжниот свиток и да ги отвориш неговите печати, зашто беше заклан и зашто со Својата крв ги откупи за Бога од секое племе и јазик и народ и народност,

10и ги направи на нашиот Бог цареви и свештеници, и ќе царуваат на земјата.

11И видов и чув глас на многу ангели околу престолот, и живите суштества, и старешините, и нивниот број беше бесконечно голем со илјади илјадници,

12кои зборуваа со силен глас: „Достојно е Јагнето, Кое е заклано, да прими: сила и богатство, и премудрост и моќ, и чест и слава и благослов.”

13И го чув секое создание, кое е на небото и на земјата, и под земјата и во морето, и сè што е во нив, да зборуваат: „На Оној, Кој седи на престолот, и на Јагнето, благослов и чест; и слава и власт, во сите векови!”

14А четирите живи суштества рекоа: „Амин!” И дваесет и четирите старешини паднаа и се поклонија.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Revelation 5.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.