Revelation 16MKB

1И чув силен глас од храмот, како им зборува на седумте ангели: „Одете и излејте ги седумте чаши на Божјиот гнев на земјата!”

2И првиот отиде и ја излеа својата чаша на земјата: и се појави лоша и лута рана на луѓето, кои ја имаа ознаката на Ѕверот и кои му се поклонуваа на неговиот лик.

3И вториот ја излеа својата чаша во морето: и стана како крв од мртовец и умре секое живо суштество во морето.

4И третиот ја излеа својата чаша во реките и во водните извори: и тие станаа крв.

5И го чув ангелот на водите како вели: „Праведен си, Господи, Кој си, и Кој си бил, зашто пресуди така;

6зашто тие ја пролеаја крвта на светите и на пророците, и крв им даде да пијат, тоа го заслужуваат!”

7И чув друг ангел од жртвеникот да зборува: „Да, Господи Боже, Сèмоќен, Твоите судови се вистински и праведни!”

8И четвртиот ја излеа својата чаша на сонцето: и му беше дадено да ги пали луѓето со оган.

9И луѓето, горејќи од големата жега го похулија името на Бога, Кој има власт над овие зла, и не се покајаа да Му воздадат слава.

10И петтиот ја излеа својата чаша врз престолот на Ѕверот и царството му се помрачи и ги гризеа своите јазици од мака.

11И Го похулија небесниот Бог, заради своите маки и рани, и не се покајаа од своите дела.

12И шестиот ја излеа својата чаша врз големата река Еуфрат: и пресуши неговата вода, за да им се приготви патот на царевите од исток на сонцето.

13И видов како од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегуваат три нечисти духа како жаби;

14имено, тоа се демонски духови, кои прават чуда и одат при царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во великиот ден на Бога Сèмоќниот.

15И ете, идам како крадец; блажен е оној, кој бдее и ги пази своите облеки, за да не оди гол и да не се гледа неговиот срам.

16И ги собра на местото на еврејски наречено Армагедон” (Рид на Мегидо).

17И седмиот ја излеа својата чаша во воздухот: и од храмот излезе силен глас, од престолот, велејќи: „Се заврши!”

18И настанаа молњи и гласови и громови, и настана голем земјотрес, каков никогаш не бил, откако се луѓето на земјата; таков земјотрес, толку силен.

19И големиот град се раздели на три дела, и градовите на народите паднаа. И големиот Вавилон се спомна пред Бога, за да му се даде чашата со виното на Неговиот јаростен гнев.

20И сите острови побегнаа, и горите веќе не се наоѓаа.

21И голем град - тежок колку еден талант, падна од небото на луѓето, а луѓето Го похулија Бога, заради ова зло од градот, зашто неговото зло беше многу големо.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Revelation 16.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.