Revelation 14MKB

1И видов, и ете, Јагнето стои на Сионската гора, а со него сто и четириесет и четири илјади, кои го имаа напишано, на своите чела, Неговото име и името на Неговиот Татко.

2И чув глас од небото, како шум на многу води и како грмеж од силен гром; а гласот, што го чув, беше како од китаристи, кои свират на своите китари.

3И пееја нова песна пред престолот и пред четирите живи суштества и пред старешините, и никој не можеше да ја научи песната, освен оние сто и четириесет и четири илјади, кои беа откупени од земјата.

4Тоа се оние, кои не се осквернија со жени; имено, тоа се девственици. Тие одат по Јагнето, каде и да оди. Тие се откупени меѓу луѓето, како првенци на Бога и на Јагнето,

5и лага не се најде во нивната уста; тие се непорочни.

6И видов друг ангел како лета посреде небото, имајќи вечно Евангелие, за да им го проповеда на жителите на земјата: и на секоја народност и на секое племе и јазик и народ,

7и зборуваше со силен глас: „Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној, Кој го создал небото и земјата, морето и водните извори.

8И друг, втор, ангел дојде по него, велејќи: „Падна, падна големиот Вавилон, кој ги напои сите народи со страсното вино на своето блудство.”

9И друг, трет, ангел дојде по него, велејќи со силен глас: „Ако некој му се поклони на Ѕверот, и на неговиот лик, и прими ознака на своето чело или на својата рака,

10и самиот ќе пие од виното на Божјиот гнев, што е налеано чисто во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур, пред светите ангели и пред Јагнето.

11И димот од нивното измачување ќе се издига во вечни векови, и не ќе имаат починка, ни дење ни ноќе, оние кои му се поклонуваат на Ѕверот и на неговиот лик, и кој ја прима ознаката на неговото име.”

12Тука е трпението на светите, кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса.

13И чув глас од небото, што ми велеше: „Напиши: Блажени се мртвите, кои отсега умираат во Господа. ‘Да, вели Духот, нека починат од своите трудови, зашто нивните дела одат по нив.’

14И видов, и ете, бел облак, а на облакот седеше Еден сличен на Човечкиот Син, со златна круна на главата и со остар срп во раката.

15И еден друг ангел излезе од храмот и му извика со силен глас на Оној, Кој седеше на облакот: „Испрати го својот срп и жниј, зашто дојде твојот час за жниење, зашто е зрела жетвата на земјата. „

16И оној, кој седеше на облакот, го фрли својот срп на земјата, и земјата беше пожнеана.

17И друг ангел излезе од храмот, што е во небото, и тој имаше остар срп.

18И друг ангел, кој имаше власт над огнот дојде од жртвеникот, и му извика со силен глас на оној, кој имаше остар срп: ‘Испрати го својот остар срп, и обери го грозјето од земното лозје, зашто неговото грозје е веќе зрело.’

19И ангелот го фрли својот срп на земјата, и го обра земното лозје и го стави во големата каца на Божјиот гнев.

20И кацата беше изгазена надвор од градот, и од кацата потече крв до уздите на коњите, на растојание од илјада и шестотини стадии.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Revelation 14.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.