Revelation 11MKB

1И ми беше дадена мерачка трска слична на стап, и ми беше речено: „Стани и измери го Божјиот храм и жртвеникот и оние, кои се поклонуваат во него.

2А надворешниот двор на храмот остави го и не мери го, зашто им е даден на народите, и тие ќе го газат светиот град четириесет и два месеца.

3И ќе им дадам на двајца Мои сведоци, облечени во вреќи, да пророкуваат илјада двеста и шеесет денови.

4Тие се две маслинови дрвја и два светилника, кои стојат пред Господарот на земјата.

5И ако некој сака да им напакости, оган излегува од нивната уста и ги проголтува нивните непријатели. И ако некој сака да им напакости, треба така да биде убиен.

6Тие имаат власт да го затворат небото, за да не паѓа дожд во деновите на нивното пророкување, и имаат власт над водите, да ги претворат во крв и да ја поразат земјата со секаква неволја, колкупати и да посакаат.”

7”И кога ќе го завршат своето сведоштво, Ѕверот, кој излегува од Бездната, ќе војува против нив, и ќе ги победи, и ќе ги убие.

8И нивните трупови ќе лежат на улицата на големиот град, кој духовно се наречува Содом и Египет, каде и нивниот Господ беше распнат.

9И луѓето од народите и племињата и јазиците и народностите ќе ги гледаат нивните трупови три ипол дена, и не ќе дозволат нивните трупови да бидат положени во гроб.

10И жителите на земјата ќе се радуваат и ќе се веселат за нив, и ќе си праќаат дарови еден на друг, зашто тие два пророка ги измачуваа жителите на земјата.

11И по три ипол дена, влезе во нив животворен дух од Бога, и застанаа на свои нозе, а голем страв ги обзеде оние, кои ги гледаа.

12И чуја силен глас од небото, кој им велеше: „Дојдете ваму, горе!” И отидоа горе во небо во облакот, и нивните непријатели ги видоа.

13А во тој час настана голем земјотрес, и падна десеттиот дел на градот, и од земјотресот загинаа седум илјади човечки имиња; а другите се уплашија и Му воздадоа слава на небесниот Бог.

14Второто зло помина, и ете, третото зло доаѓа брзо.

15И седмиот ангел затруби, и одекнаа силни гласови на небото, велејќи: „Царствата на светот Му припаднаа на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и ќе царува во сите векови.”

16И дваесет и четирите старешини, кои седат, на своите престоли, пред Бога, паднаа на своите лица и Му се поклонија на Бога,

17велејќи: „Ти благодариме, Господи Боже Сèмоќен, Кој си и Кој беше, и Кој иде, зашто ја зеде Својата голема сила и се зацари.

18И народите се разгневија, и дојде Твојот гнев и времето да им се суди на мртвите, и да им се даде награда на Твоите слуги, на пророците и на светите и на оние, кои се бојат од Твоето име, мали и големи, и да ги уништиш оние, кои ја расипуваа земјата.”

19И се отвори Божјиот храм во небото и се покажа ковчегот на Неговиот завет во Неговиот храм, и настанаа молњи и грмежи и гласови и земјотрес и голем град.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Revelation 11.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.