1Те славиме Боже, Те славиме, и го повикуваме Твоето име, ги проповедаме Твоите чудеса.
2„Кога ќе го одредам времето, ќе судам право.
3Па нека се стресе земјата со сите свои жители, Јас ги зацврстив нејзините столбови.
4Ги опоменувам дрските: *Не бидете дрски!* Безбожниците: *Не бидете толку рогливи!
5Не кревајте го својот рог против небото, не зборувајте дрско и тврдоврато!*”
6Зашто издигањето не доаѓа ниту од исток ниту од запад, ниту пак од пустината.
7Бог е Кој суди: овој го понижува, оној го возвишува!
8Зашто во Господовата рака е чашата полна со пенушливо вино, добро измешано; Тој напојува од неа, до капка ќе ја испијат и ќе ја исцедат сите злосторници на земјата.
9А јас ќе извикнувам радосно довека, ќе Му пеам на Јакововиот Бог.
10Ќе им ги скршам роговите на безбожниците, а роговите праведнички ќе бидат возвишени.