Psalms 45MKB

1Прекрасни зборови извираат од моето срце: својата песна му ја пејам на царот, јазикот ми е како трска на брзописецот.

2Убав си, најкрасен меѓу човечките синови, милина ти се разлева по усните, заради тоа Бог нека те благослови довека.

3Препаши меч на своето бедро, јунаку, наметни се со сјај и величество!

4Јавни победнички во своето величие, заради вистината, кротоста и правдата, Твојата десница нека научува страшни нешта!

5Остри се Твоите стрели, народи паѓаат пред Тебе, и царските непријатели ги напушта храброста.

6Твојот престол, Боже, е до вечни векови, и праведен жезал - е жезал на Твоето Царство!

7Ти ја љубиш правдата, а го мразиш беззаконието, заради тоа, Господ, Твојот Бог, Тебе Те помаза со масло на радоста, како никого од Твоите другари.

8На смирна, алој и касија мирисаат твоите облеки, од дворците, од слонова коска, Те веселат псалтири.

9Царските ќерки се меѓу твоите почесни, оддесно ти е царицата во офирско злато.

10„Слушај ќерко, погледај, прислушни: заборави го својот народ и домот на татка си!

11Ако ја посака царот твојата убавина, поклони му се скромно, зашто тој е твој господар.

12Тирската ќерка доаѓа со дар, народните првенци ја бараат твојата наклонетост.”

13Целата слава на царската ќерка е внатре, нејзините облеки се везени со злато.

14Ја доведуваат при царот во облека со шарен вез, придружба и се девици - нејзините другарки.

15Со веселба и радост ги доведуваат, влегуваат во царскиот дворец.

16Твоите синови ќе ги наследат твоите татковци, ќе ги поставиш за кнезови на целата земја.

17Од колено на колено ќе го навестуваат Твоето име, народите ќе Те фалат во вечни векови.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Psalms 45.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.