1Дајте Му на Господа, о Божји синови, дајте Му на Господа слава и сила!
2Дајте Му ја на Господа славата на Неговото име, поклонете Му се на Господа во светата убавина!
3Господовиот глас е над водите, Бог на славата грми, Господ е над многу води!
4Господовиот глас е силен, Господовиот глас е величествен.
5Господовиот глас ги крши кедрите, Господ ги крши ливанските кедри.
6И скокаат од Него: Ливан како теле, а Сирион како младо биволче!
7Господовиот глас цепи пламени секавици,
8Господовиот глас ја растресува пустината, Господ ја растресува пустината Кадис.
9Господовиот глас прави кошутите да се осрнат, и ги разголува горите; и во храмот Негов секој вели: „Слава!”
10Господ царува над водните бранови, Господ седи на престолот како Цар засекогаш!
11Господ му дава сила на Својот народ, Господ го благословува Својот народ со мир.