1Те славам Господи, со сето срце свое;
2се поклонувам пред Твојот свет Храм. Го славам Твоето име за Твојата милост и вистина, зашто го возвеличи Твоето слово, повисоко од Своето име.
3Кога Те повикав, Ти ме послуша, ја ободри мојата душа.
4Нека Ти благодарат Господи, сите земски цареви, кога ќе ги чујат зборовите на Твојата уста.
5Нека ги воспеат Господовите патишта: „Вистина, величествена е Господовата слава!”
6Вистина, Господ е возвишен, но гледа на смирените, а гордоста ја познава оддалеку.
7Кога ќе чекорам низ неволји, чувај ми го животот, испружи ја раката против гневот на моите непријатели; нека ме спаси Твојата десница!
8Господ ќе го доврши своето дело во мене! Господи, вечна е Твојата љубов: не оставај го делото на Твоите раце!