1Од длабочините Господи, викам кон Тебе.
2Господи, чуј го мојот глас! Нека внимава Твоето уво на гласот на моето молење!
3Ако си спомнуваш, Господи, за гревот, Господи, кој ќе опстане?
4Но во Тебе е проштавањето, за да се бојат од Тебе.
5Јас се надевам во Господа, мојата душа се надева на Неговото слово.
6Мојата душа го чека Господа, повеќе отколку ноќната стража - зората. Повеќе отколку ноќната стража - зората.
7Израел нека го чека Господа зашто милоста е во Господа и изобилно е во Него искупувањето;
8Тој ќе го избави Израел од сите негови беззаконија.