1До кога, Господи, ќе ме забораваш сосем? До кога ќе го криеш Своето лице од мене?
2До кога ќе слагам совети во мојата душа, тага во срцето секој ден? До кога ќе се издига мојот непријател над мене?
3Погледни, послушај ме, Господи, Боже мој! Просветли ги моите очи за да не заспијам во смрт;
4За да не рече мојот непријател: „Го надвив!” Да не се радуваат моите противници, кога ќе се поколебам.
5Јас се надевам на Твојата милост; моето срце ќе се радува во Твоето спасение.
6Ќе Му пеам на Господа, Кој ме награди.