1Ако не беше Господ со нас - нека рече Израел -
2ако не беше Господ со нас, кога се кренаа луѓето против нас,
3ќе нè проголтаа живи. Кога пламна нивната јарост против нас,
4водата ќе нè издавеше, поројот ќе нè одвлечеше,
5здивените води ќе нè потопеа сите.
6Благословен да е Господ, Кој не нè даде за плен на нивните заби!
7Нашата душа избега како птица од примката на ловецот: примката се скина, а ние се избавивме!
8Нашата помош е во Името на Господа, Кој ги создаде небото и земјата.