1Се зарадував кога ми рекоа: „Да одиме во Господовиот Дом!”
2Нашите нозе веќе стојат, на твоите врати, о Ерусалиме.
3Ерусалиме, цврсто изграден граду и како во едно слеан!
4Племињата, Господовите племиња, влегуваат таму, според Израелевиот закон, да Го слават Господовото Име.
5Судиски столици стојат таму, столици на Давидовиот дом.
6Молете мир за Ерусалим! Блазе им на оние, кои те љубат тебе!
7Нека биде мир зад твоите ѕидови и изобилие во твоите дворци!
8Заради своите браќа и пријатели ќе викам: „Мир на тебе!”
9Заради Господовиот Дом, на нашиот Бог, јас ќе се молам за твоето добро.