1Алилуја! Ќе Го славам Господа со сето свое срце во советот на праведниците, во нивната заедница.
2Големи се Господовите дела, нека размислуваат за нив сите, што ги љубат.
3Сјајно и величествено е Неговото дело, и Неговата правда останува довека.
4Со Своите чуда, направи спомен, Господ е благ и милостив.
5Им даде храна на Своите почитувачи, довека Си спомнува за Својот Завет.
6Своите силни дела ги објави на Својот народ, им ја даде во наследство земјата на многубошците.
7Делата на Неговите раце се: вистината и судот, сите Негови заповеди се постојани,
8утврдени се за сите времиња, довека, создадени врз вистината и правдата.
9Тој му испрати спасение на Својот народ, Го постави Својот Завет засекогаш: Свето е и страшно Неговото Име!
10Почеток на мудроста е стравот од Господа! Мудро прават кои Го почитуваат. Неговата Слава трае довека!