1Мудроста си изгради дом и изделка седум столбови.
2Ги искла своите животни, го измеша своето вино и го сложи својот стол.
3Ги испрати своите слугинки да објават од градските височини:
4„Кој е глупав, нека наврати ваму!” А на неразумните им говори:
5„Дојдете, јадете од мојот леб и пијте вино, што го измешав;
6оставете ја лудоста, за да живеете, и одете по патот на разумот.
7Кој поучува подбивач, добива срам, и кој кори нечесен, се валка себе си.
8Не изобличувај го потсмевачот, за да не те замрази, кори го мудриот за да те засака.
9Поучи го мудриот, и ќе биде уште помудар; упати го праведниот, и ќе се зголеми неговото знаење.
10Стравот од Господа е почеток на мудроста и познавањето на Светиот е разум.
11Преку Мене ти се умножуваат деновите и ти се множат годините на животот.
12Ако си мудар, за себе си мудар; ако бидеш потсмевач, самиот ќе поднесуваш.”
13Безумната жена е немирна, проста е и не знае ништо.
14Седи при вратата на својата куќа на столица, во градските височини,
15па ги повикува оние, кои поминуваат по патот, кои одат право по своите патеки:
16„Кој е неискусен, нека наврати ваму!” и на неразумниот му говори:
17„Крадената вода е слатка, и пријатно е да се јаде леб скришно.”
18А тој не знае дека мртвите се таму, дека нејзините гости се во длабочините на пеколот.