Proverbs 6MKB

1Сине мој, кога емчиш за својот ближен, и ја дадеш својата рака на друг,

2си се врзал со сопствените усни, си се врзал со зборовите на својата уста.

3Направи го тогаш ова сине мој, ослободи се! Зашто си паднал во рацете на својот ближен: оди, падни пред него и моли го својот ближен.

4Не давај им сон на своите очи ни дремка на своите клепки.

5Истргај се како газела од раката на ловецот и како птица од рацете на птичарот.

6Оди при мравката, о мрзливецу набљудувај ги нејзините патишта и биди мудар:

7Таа нема водич, надзорник ни настојник,

8се грижи за храната лете и прибира јадење во време на жетвата.

9А ти, мрзливецу, до кога ќе спиеш? Кога ќе се разбудиш од својот сон?

10Уште малку поспиј, уште малку подреми, уште малку свиткај ги рацете за одмор,

11и ќе дојде твоето сиромаштво како скитник, и твојата скудност како вооруженик.

12Лукавиот човек, нечесниот човек, оди со лажлива уста,

13намигнува со очите, тропа со нозете, покажува со прстите;

14измамите му се во срцето, сонува зло во секое време, сее раздори.

15Затоа пропаста ќе му дојде одненадеж, и во миг ќе се скрши и нема да му има лек.

16Шест нешта мрази Господ, а седум се гнасни на Неговата душа:

17Горделиви очи, лажлив јазик, раце што пролеваат невина крв,

18срце што замислува грешни мисли, нозе што итаат на зло,

19лажен сведок, кој шири лага, и човек кој сее раздори меѓу браќата.

20Сине мој, пази ги заповедите на својот татко и не отфрлај ја науката на својата мајка.

21Врзи ги за своето срце засекогаш, завиткај ги околу своето грло;

22за да те водат кога одиш, да те чуваат кога спиеш, и да разговараат со тебе кога ќе се разбудиш.

23Зашто заповедта е светилник, законот е светлина, опомените на изобличувањата се пат кон животот;

24за да те чуваат од зла жена, од ласкавиот јазик на туѓинката.

25Не посакувај ја во своето срце нејзината убавина, и не оставај да те освои со своите клепки,

26зашто поради блудница човек се понижува и за парче леб, додека прељубницата лови скапоцен живот.

27Може ли некој да носи оган во пазувите, а да не му се запали облеката?

28Може ли некој да оди по вжарени јаглени, а да не си ги изгори своите нозе?

29Така биднува со оној кој оди при жената на својот ближен: Не ќе остане без казна оној што ќе се допре до неа.

30Не го срамат ли крадецот, па иако крадел за да го смири гладот:

31Фатен, тој враќа седмократно и плаќа со сиот имот на својата куќа.

32И така, неразумен е оној, кој се впушта со прељубница, својата душа ја губи кој прави така.

33Ќе дојде посрамување и срам, и неговиот срам не се брише никогаш.

34Зашто бесна е љубоморноста во мажот: тој не знае за милост во одмаздничкиот ден;

35не се согласува на никаков откуп, и не прима дарови, колку и да му дадеш.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Proverbs 6.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.