Bible

Say Goodbye

To Clunky Software & Sunday Tech Stress!

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Numbers 17

:
Macedonian - MKB
1 Господ му рече на Мојсеја:
2 „Образложи им на Израелевите синови и земи од нив по еден жезал за секој прадедовски дом; земи дванаесет жезли од сите нивни старешини за нивните прадедовски домови. Името на секого напиши го врз неговиот жезал.
3 А бидејќи има по еден жезал за секој началник на прадедовските домови, Ароновото име напиши го врз Левиевиот жезал.
4 Тогаш положи ги во Шаторот на средбата пред Сведоштвото; таму каде што Јас ви се јавувам вам.
5 Жезалот на човекот кого ќе го изберам ќе расцвета. Така ќе го смирам ропотот на Израелевите синови, со кого роптаат против вас.”
6 Мојсеј им кажа на Израелевите синови така. Сите нивни началници му дадоа жезал, по еден жезал за секој старешина, и така, дванаесет жезли за нивните прадедовски домови. Меѓу нивните жезли беше и Ароновиот жезал.
7 Мојсеј ги положи жезлите пред Господа во Шаторот на сведоштвото.
8 Кога на другиот ден Мојсеј влезе во Шаторот на сведоштвото, ете: Ароновиот жезал, од Левиевиот дом, распупел! Потерала млада гранка, расцветал цвет и созреале бадеми.
9 Тогаш Мојсеј им ги изнесе од пред Господа, сите жезли на Израелевите синови. Тие ги разгледаа, а потоа секој го зеде својот жезал.
10 Господ му рече на Мојсеја: „Положи го пак Ароновиот жезал пред Сведоштвото, на чување, како знак за непокорните, за да прекрати нивното роптање против Мене и за да не изгинат.”
11 И Мојсеј направи: како што Господ му заповеда, така направи.
12 „Изгинавме - му рекоа Израелевите синови на Мојсеја. Пропаднавме! Сите редум гинеме!
13 Секој, кој ќе се приближи до Господовиот Шатор, умира. Зар ќе изгинеме сите?”