Matthew 15MKB

1Тогаш фарисеите и книжниците, од Ерусалим, Му пристапија на Исуса и рекоа:

2”Зошто Твоите ученици го престапуваат преданието на старите? Бидејќи не си ги мијат рацете, кога јадат леб.”

3А Тој во одговор им рече: „Зошто и вие ја престапувате Божјата заповед, заради вашето предание?

4Зашто Бог рекол: ‘Почитувај ги татка си и мајка си,’ и ‘Кој го злоречува татка си или мајка си, со смрт нека умре;’

5а вие велите: кој ќе му рече на татка си, или на мајка си: ‘Она со што би можел да се ползуваш од мене, Му е подарено на Бога,

6тој не треба да дава на татка си или мајка си;’ и така го укинавте Божјиот збор заради вашето предание.

7Лицемери! Добро Исаија пророкуваше за вас, велејќи:

8’Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене.

9Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’”

10И го повика мноштвото и им рече: „Слушајте и разберете!

11Не она, што влегува во устата го онечистува човекот, туку она што излегува од устата, тоа го онечистува човекот.”

12Тогаш учениците Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли, дека фарисеите се соблазнија кога го чуја тој збор?”

13А Тој одговори и рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот небесен Татко, ќе биде откорната.

14Оставете ги. Тие се слепи водачи на слепите; а ако слепец води слепец, обата ќе паднат во јама.”

15А Петар одговори и Му рече: „Објасни ни ја параболава.”

16А Исус им рече: „И вие ли сте уште без разбирање?

17Не разбирате ли дека сè што влегува во устата оди во стомакот и се исфрла надвор?

18А она, што излегува од устата, произлегува од срцето, и тоа го онечистува човекот.

19Зашто од срцето произлегуваат: зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули.

20Тие се нештата кои го онечистуваат човекот. А јадењето со неизмиени раце не го онечистува човекот.”

21И откако излезе оттаму, Исус се повлече во краевите на Тир и Сидон.

22И ете, жена Хананејка, излезе од оние краишта и извика кон Него, велејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Мојата ќерка е лошо опседната од демон.”

23Но Тој не и одговори ни збор. И приближувајќи Му се, Неговите ученици Го молеа, велејќи: „Отпушти ја, зашто вика по нас.”

24Но Тој одговори и рече: „Јас не Сум испратен, освен при загубените овци на домот Израелев.”

25Таа дојде пак и Му се поклонуваше, велејќи: „Господи, помогни ми!”

26А Тој, одговарајќи и рече: „Не е добро да им се земе лебот на децата и да им се фрли на кучињата.”

27Но Таа рече: „Да, Господи, но дури и кучињата јадат од трошките, што паѓаат од трпезата на нивните господари.”

28Тогаш Исус и одговори и и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по твојата желба. И нејзината ќерка беше исцелена од оној час.

29И откако замина оттаму, Исус дојде покрај морето Галилејско, се искачи на гората и седна таму.

30И дојдоа при Него големи мноштва, кои имаа со себе: хроми, слепи, неми, сакати и многу други, и ги положија пред Исусовите нозе, и Тој ги исцели,

31така што мноштвата се восхитуваа како гледаа немите да зборуваат, сакатите здрави, хромите да одат и слепите да гледаат; и Го прославуваа Бога Израелев.

32А Исус ги повика Своите ученици при Себе, и рече: „Исполнет Сум со сожалување кон мноштвото, зашто веќе три дни останаа со Мене и немаат што да јадат; а не сакам да ги распуштам гладни, за да не премалеат по патот.”

33И учениците Негови Му рекоа: „Откаде ни во пустината толку леб, за да наситиме толку големо мноштво?”

34И Исус им рече: „Колку лебови имате?” Тие рекоа: „Седум и неколку рипчиња.”

35И му заповеда на мноштвото да поседне по земјата;

36ги зеде седумте лебови и рибите, благодари и ги раскрши; и им даде на учениците, а учениците на мноштвото.

37И сите јадоа и се наситија; и го дигнаа преостанатото од парчињата, седум кошеви полни.

38А оние, кои јадеа, беа четири илјади мажи, освен жените и децата

39И штом ги распушти мноштвата, влезе во коработ, и дојде во пределите на Магдала.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Matthew 15.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.