Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Malachi 4

:
Macedonian - MKB
1 „Зашто еве, доаѓа ден вжарен како печка; горделивите и злосторниците ќе бидат како плева: денот кој наближува, ќе ги изгори - говори Господ над Воинствата - та нема да им остави ни корен ни гранче.
2 А вам, кои се боите од Моето име, ќе ви изгрее сонцето на правдата со здравје во крилјата, и вие ќе излегувате потскокнувајќи како телиња на пасење.
3 И ќе ги газите беззакониците како прав под нозете во Денот што го подготвувам - говори Господ над Воинствата.
4 Спомнете си за Законот на Мојсеја, Мојот слуга кому на Хорив му ги пропишав законите и уредбите за сиот Израел.
5 Еве, ќе ви го испратам пророкот Илија, пред да дојде Господовиот Ден, ден голем и страшен.
6 Тој ќе ги обрне срцата на татковците кон синовите, а срцата на синовите кон татковците, за да не дојдам и да не ја удрам земјата со проклетство.”