Judges 4MKB

1По смртта на Аод, Израелевите синови пак почнаа да прават што не Му беше на Господа по волја,

2и Господ ги предаде во рацете на Јавин, ханаанскиот цар кој владееше во Асор. Воен началник на неговата војска беше Сисара, кој живееше во незнабожечкиот Аросет.

3Тогаш Израелевите синови извикаа кон Господа. Зашто Јавин имаше шест стотини железни бојни коли, и тешко ги угнетуваше Израелците дваесет години.

4Во тоа време на Израел му судеше пророчицата Девора, жената Лафидотова.

5Живееше под Деворината Палма меѓу Рама и Ветил во Ефремовата Гора, и Израелците доаѓаа кај неа за да им пресудува во нивните спорови.

6Таа го повика Варака, синот Авинеемов, од Нефталимовиот Кадес, и му рече: „Еве што ти заповеда Господ, Израелевиот Бог: ‘Оди, тргни на гората Тавор и земи со себе десет илјади луѓе од Нефталимовите и Завулоновите синови.

7Јас ќе го привлечам кон тебе, на Кисонскиот Поток, Сисара, војсководачот на Јавиновата војска, со неговите бојни коли и со сите војници, па ќе ги предадам во твоите раце.’”

8Варак и одговори: „Ако дојдеш ти со мене, ќе одам; ако не дојдеш со мене, не одам.”

9”Идам со тебе - му рече таа - но на патот по кој ќе тргнеш славата не ќе ти припадне тебе, зашто Господ ќе го предаде Сисара во раце на жена.” Тогаш Девора стана и тргна со Варака во Кадес.

10Онаму Варак ги повика Завулона и Нефталима. Десет илјади луѓе тргнаа со него, а и Девора одеше со нив.

11Кенеецот Хевер беше се одвоил од Кенеј, еден од синовите на Овав, Мојсеевиот дедо; го оптегна својот шатор кај Дабот во Занаим, недалеку од Кадес.

12Му јавија на Сисара дека Варак, синот Авинеемов, излегол на гората Тавор.

13Сисара ги собра сите свои бојни коли, девет стотини железни коли, и сите луѓе што ги доведе од незнабожечкиот Аросет до Кисонскиот Поток.

14Девора му рече на Варака: „Стани, еве го денот кога Господ ќе го предаде Сисара во твои раце! Самиот Господ оди пред тебе!” И Варак слезе од гората Таворсо десет илјади луѓе со себе.

15Господ ги заплаши Сисара, сите негови бојни коли и целата негова војска, која почна да бега пред Вараковиот меч. Сисара слезе од својата кола и избега пеш.

16Варак ги гонеше колите и војската сè до незнабожечкиот Аросет. Сета Сисерина војска падна од остар меч, и ниеден човек не избега.

17Дотогаш Сисара бегаше пеш кон шаторот на Јаила, жената на Кенеецот Хевер, зашто меѓу Јавин, асорскиот цар, и куќата на Кенеецот Хевер беше мир.

18Јаила му излезе во пресрет на Сисара и му рече: „Застани, господару, дојди кај мене. Не бој се од ништо!” Тој се врати кај неа под шаторот, а таа го покри со покривка.

19Тој и рече: „Дај ми малку вода, зашто сум жеден.” Таа отвори мев со млеко, го напои и пак го покри.

20”Застани при влезот на шаторот - и рече тој, - па ако некој намине и те праша: ‘Дали има некој?’ ти одговори: ‘Нема!’

21А Јаила, Хеверовата жена, го зеде шаторскиот кол и чук во рацете, му се приближи тивко и му го прикова колот низ слепоочниците така што се закачи во земјата. Тој беше заспал цврсто од исцрпеност, и така умре.

22И ете, дојде Варак гонејќи го Сисара. Јаила излезе пред него и му рече: „Дојди да ти го покажам човекот кого го бараш.” Тој влезе при неа, и ете - Сисара лежеше мртов, со кол низ слепоочниците.

23Така Господ го покори, во оној ден, Јавина, ханаанскиот цар, пред Израелците.

24Раката на Израелевите синови стануваше сè потешка над Јавина, ханаанскиот цар, додека најпосле не го истреби ханаанскиот цар.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Judges 4.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.