Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Judges 12

:
Macedonian - MKB
1 Тогаш се собраа луѓе од Ефремовото племе, го поминаа Јордан при патот кон Сафон и му рекоа на Јефтај: „Зошто отиде во бој против Амонците, а нас не нè повика да дојдеме со тебе? Ќе ти ја изгориме куќата заедно со тебе!”
2 Јефтај им одговори: „Имавме голем спор, јас и мојот народ, и Амонците нè угнетуваа тешко. Ве повикав на помош, но вие не ме избавивте од нивните раце.
3 Гледајќи дека нема кој да ме спаси, го ставив животот на жрепка, отидов сам против Амонците, и Господ ми ги предаде во рацете. И така, зошто тргнавте денес да војувате против мене?”
4 Тогаш Јефтај ги собра сите Галадци и удри на Ефрема. Галадците го поразија Ефрема, зашто овие зборуваа: „Вие сте, Галадци, Ефремови бегалци, кои живеевте среде Ефрема и Манасија.”
5 Потоа Галадците им ги пресекоа на Ефрема јорданските бродови, и кога некој Ефремов бегалец ќе речеше: „Пуштете ме да поминам,” Галадците ќе го прашаа: „Дали си Ефремовец?” Ако речеше тој: „Не сум,”
6 тие му велеа: „Ајде, речи: Шиболет!” (клас). Тој велеше: „Сиболет,” зашто не можеше да изговори добро. Тогаш тие го фаќаа и го погубуваа при Јорданските Плиткости. Така загинаа четириесет и две илјади луѓе од Ефремовото племе.
7 Јефтај му судеше на Израел шест години. А кога Галадецот Јефтај почина, го погребаа во неговиот град, во Галад.
8 По него судија во Израел беше Авесан од Витлеем.
9 Тој имаше триесет синови и триесет ќерки, кои ги омажи од куќата, а на своите синови им донесе однадвор триесет жени. Тој му судеше на Израел седум години.
10 Потоа умре Авесан, и го погребаа во Витлеем.
11 По него судија во Израел беше Завулонецот Елон. Тој му судеше на Израел десет години.
12 Потоа умре Завулонецот Елон, и го погребаа во Ајалон во Завулоновата Земја.
13 По него судија во Израел беше Авдон, синот Елилов од Фаратон.
14 Тој имаше четриесет синови и триесет внуци, кои јаваа на седумдесет ослиња. Тој му судеше на Израел осум години.
15 Потоа почина Авдон, синот Елилов од Фаратон, и го погребаа во Фаратон во Ефремовата Земја, во Амаликовата Гора.