Joshua 9MKB

1За сите настани чуја сите цареви од онаа страна на Јордан во Горјето, во Шефел и вдолж на целиот брег на Големото Море, сè до Ливан: Хетејците, Аморејците, Ханаанците, Ферезејците, Евејците и Евусејците -

2па сите се здружија за да удрат сложно против Исуса и Израела.

3А жителите на Гаваон, поучени од она што Исус му направи на Ерихон и Гај,

4се присетија на итрина. Почнаа да се преправаат дека се патници: фрлија стари вреќи и вински мевови, искинати и закрпени на своите ослиња,

5Обуја на нозете употребувани и закрпени обувки и облекоа на себе стара облека. Сиот леб што го носеа со себе беше сув и мувлосан.

6Стигнаа кај Исуса во галгалскиот логор и им рекоа: нему и на луѓето Израелци: „Доаѓаме од далечна земја, склучите сојуз со нас.”

7Но луѓето Израелци им рекоа на тие Евејци: „Кој знае дали не живеете можеби меѓу нас? И така, како ќе склучиме сојуз со вас?”

8А тие му одговорија на Исуса: „Твои слуги сме!” Исус ги праша: „Кои сте и од каде доаѓате?”

9Одговорија: „Далеку е земјата од која доаѓаат твоите слуги во името на Господа, твојот Бог: чувме за Неговата слава и за сè што му стори на Египет,

10и за она што им направи на двајцата аморејски цареви, кои владееја од онаа страна на Јордан - на Сион, цар есевонски, и на Ог, цар васански во Астарот.

11Тогаш нашите старешини, на сите во нашата земја, ни рекоа: ‘Снабдете се со храна за пат, тргнете им во пресрет и речете им: „Ваши слуги сме, и така склучите сојуз со нас.”‘

12Еве го нашиот леб: топол го зедовме за по пат од своите куќи кога тргнавме кон вас, а еве, сега е сув и мувлосан.

13А ова се вински мевови: ги налеавме нови, па еве, веќе се искинати; и нашите облеки и нашите обувки веќе се остарени од далечниот пат.”

14И луѓето им поверуваа по снабденоста за пат, не прашувајќи го Господа што ќе им рече.

15Исус склучи мир со нив, и склучи сојуз со нив дека ќе ги поштеди. И главатарите се заколнаа на тоа.

16А по три дни, откако склучија сојуз со нив, се научи дека им се соседи и дека живеат среде Израел.

17Тогаш Израелците тргнаа од логорот и стигнаа во нивните градови, а тоа беа: Гаваон, Кефир, Вирот и Киријат Јарим.

18Ама Израелевите синови не ги нападнаа, зашто главатарите на заедницата им се заколнаа во Господа, Израелевиот Бог. Но сета заедница почна да вика против главатарите.

19Тогаш сите главатари и рекоа на заедницата: „Ние им се заколнавме во Господа, Израелевиот Бог, и затоа не смееме да ги гибаме.

20Еве што ќе правиме: да ги оставиме да живеат, за да не нè стигне гнев заради заклетвата со која се заколнавме.”

21Уште главатарите додадоа: „Нека живеат и нека бидат дрвосечачи и водоносци на целата заедница.” Сето општество го прифати тоа што го рекоа главатарите.

22Исус ги повика Гаваонците и им рече: „Зашто нè измамивте, велејќи: ‘Многу сме далеку од вас,’ кога, ете, живеете среде нас?

23Затоа сега ќе биде клетва врз вас, и никогаш не ќе го снема ропството меѓу вас: ќе бидете дрвосечачи и водоносци за Домот на мојот Бог.”

24Тие му одговорија на Исуса: „Од сите страни стигнуваа гласови до нас, до твоите слуги, како Господ, твојот Бог, му одреди на Мојсеја, на Својот слуга, дека ќе ви ја даде сета земја и дека ќе ги истреби пред вас сите жители на оваа земја; многу се исплашивме од вас за своите животи и затоа го направивме ова.

25И ете, сега сме во твоите раце: направи со нас што мислиш дека е добро и право.”

26А Тој им направи вака: ги избави од рацете на Израелевите синови, па не ги погубија.

27И од тој ден Исус им нареди да сечат дрва и да носат вода, сè до денес, за заедницата и за Господвиот жртвеник, на местото кое и да се избере.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Joshua 9.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.