Job 21MKB

1Јов проговори и рече:

2Слушајте, слушајте добро што ќе ви речам, доделете ми барем таква утеха;

3истрпете јас да речам еден збор, кога ќе завршам, тогаш потсмевајте се слободно.

4Зар мојот збор е кон човек? Како тогаш да не бидам малодушен?

5Погледнете на мене: ужас ќе ве опфати, со раката ќе ја засолнете својата уста;

6штом наумам за тоа, се исплашувам и самиот, и трпки го обземаат сето мое тело.

7Зошто нечесните остануваат во живот и колку се постари, толку посилни стануваат?

8Нивните деца напредуваат со нив, а нивните внуци се множат пред нивните очи.

9Никаков страв не ги мори нивните куќи и Божјата прачка ги остава на мир.

10Нивните бикови оплодуваат, не напразно, нивните крави се отелуваат и не пометнуваат.

11Нивните деца скокаат слободно како јагниња, нивните синови играат весело.

12Тие пеат покрај музиката на харфа и тапани и се веселат покрај звуците на свирката.

13Ги завршуваат своите денови во среќа тие слегуваат спокојно во Подземјето.

14А Му зборуваа на Бога: „Остави нè,” не сакаме да знаеме за Твоите патишта!

15Па кој е Сèдржителот, да Му служиме и каква ни е ползата да Го призовуваме?”

16Зар не ја имаа својата среќа во раката, иако тие не држеа до Него?

17Зар некогаш се угаснал светилникот на опакиот? Зар несреќа се нафрлила врз него? Зар тој му ја скрои судбината во Својот гнев?

18Зар стана како слама на ветер, како плева што виорот ја разнесува насекаде?

19Дали Бог ќе го казни во неговите деца? Не, нека го казни него, самиот да го почувствува тоа!

20Со сопствените очи нека ја види својата гибел, нека се напие од гневот на Сèсилниот!

21Зашто, по смртта, што му е нему грижа за неговиот дом, кога ќе се пресече низата на неговите месеци.

22Ама кој ќе Го научи Бога на мудрост, Него, Кој ги суди највисоките суштества?

23Еден умира во полна благосостојба, без никакви грижи, во потполн мир,

24со слабини здебелени од мрсно и со коски преполни со мозок.

25А други умираат со горчина во душата, не вкусувајќи никогаш никакво добро.

26Обајцата лежат заедно во прав, и црвите ги покриваат.

27О, знам добро какви се вашите намери, какви зла замислувате вие против мене.

28Зошто прашувате: „Каде е куќата на кнезот, шаторот - во кој живееја беззакониците?”

29Не ги прашавте ли патниците на патот, зар нивното сведоштво не го примате:

30„дека нечесниот е поштеден во денот на гибелта, а во денот на Божјиот гнев ќе биде одведен на страна.”

31Но кој ќе му префрли на неговите постапки и кој ќе му врати за она што сторил?

32А кога на крај ќе го однесат на гробишта, поставуваат стража на неговата гробница.

33Лесни му се грутките на земјата во долината, додека целото население оди по него, а на оние кои одат пред него им нема број.

34О како се празни вашите утехи, каква измама се вашите одговори!”

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Job 21.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.