Jeremiah 28MKB

1Во истата година, во почетокот на царувањето на Седекија, јудејскиот цар, во четвртата година, во петтиот месец, Ананиј, синот Азоров, пророк роден од Гаваон, ми рече во Господовиот Дом пред сите свештеници и пред сиот народ:

2„Вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: ‘Ќе го скршам јаремот на вавилонскиот цар.

3До две години ќе ги вратам на ова место сите садови на Господовиот Дом, што Навуходоносор, вавилонскиот цар, ги зеде оттука и ги однесе во Вавилон.

4А исто и Јехониј, синот Јоакимов, јудејскиот цар, и сите јудејски заточеници, што стигнаа во Вавилон, исто така ќе ги вратам на ова место - говори Господ - зашто ќе го скршам јаремот на вавилонскиот цар.’”

5Тогаш пророкот Еремија му одговори на пророкот Ананиј пред свештениците и пред сиот народ кои беа во Господовиот Дом.

6Пророкот Еремија рече: „Амин! Господ да направи така! Господ да ги исполни зборовите што ги пророкуваше, и да ги врати таму сите садови од Господовиот Дом и сите заточеници од Вавилон.

7Меѓутоа, чуј го и ова слово што ќе го кажам во твоите уши и во ушите на сиот народ.

8Пророците што беа пред мене и пред тебе, им пророкуваа од памтивек на многу силни земји и големи цареви војна, глад, помор.

9Но за пророкот што пророкува мир можеш да знаеш дека навистина го испратил Господ откако ќе се исполни неговиот пророчки збор.”

10Тогаш пророкот Ананиј го симна јаремот од вратот на пророкот Еремија и го скрши.

11И Ананиј рече пред сиот народ: „Господ зборува вака: ‘Еве, вака - за две години - ќе го скршам јаремот на Навуходоносор, вавилонскиот цар, од вратот на сите народи!’” Тогаш пророкот Еремија отиде по својот пат.

12А кога пророкот Ананиј го скрши јаремот од вратот на пророкот Еремија, му дојде Господово слово на Еремија:

13„Оди и речи му вака на Ананиј: ‘Господ зборува вака: „Ти го скрши дрвениот јарем, но Јас ќе направам место него железен.”

14Зашто вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Ќе ставам железен јарем околу вратот на сите оние народи, за да му ги покорам на Навуходоносор, вавилонскиот цар, и ќе му служат, зашто Јас му ги потчинив нему дури и полските ѕверови!”‘“

15И пророкот Еремија му рече на Ананиј: „Чуј ме добро, Ананија! Господ не те испрати тебе, а ти разбуди во народот измамливи надежи.

16Затоа Господ зборува вака: ‘Ете, те бришам од лицето на земјата! Ќе умреш уште во оваа година, зашто проповедаше побуна против Господа!’”

17И пророкот Ананиј умре во таа година во седмиот месец.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Jeremiah 28.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.