Isaiah 62MKB

1За љубов на Сион не ќе молчам, заради Ерусалим не ќе мирувам, додека неговата правда не засвети како светлина, додека неговото спасение не пламне како светилник.

2И народите ќе ја видат твојата праведност, и твојата слава - сите цареви; ќе те наречат со ново име, што ќе го одреди Господовата уста.

3Ќе бидеш прекрасен венец во Господовата рака, и царски венец на дланката на својот Бог.

4Не ќе те наречуваат веќе Оставена, ни твојата земја Запустена, туку ќе те викаат Моја Милина, а твојата земја -Венчана, зашто ти си Господова милозливост, и твојата земја ќе има сопруг.

5Како што младецот се жени со девица, така синовите ќе се оженат за тебе, и како што младоженецот и се радува на невестата, твојот Бог ќе ти се радува тебе.

6Ерусалиме, на твоите ѕидови поставив стражари: ни дење ни ноќе не смеат да замолчат. О вие кои Го споменувате Господа, нема почивка за вас!

7И не му давајте мир додека не го обнови Ерусалим, додека пак не го направи славен на земјата.

8Господ се заколна во десницата и во својата силна мишка: „Нема веќе да го дадам твоето жито за храна на непријателите. Нема веќе туѓинците да го пијат твоето вино за кое се трудеше.

9Нека го јадат оние што го жниеја, и нека Го фалат Господа, нека го пијат, оние што го береа, во дворот на Моето Светилиште!”

10Поминете, поминете низ вратата, израмнете му го патот на народот. Насипете го, насипете го патот, отстранете ги камењата од него, подигнете им знаме на народите!

11Еве, Господ прогласува: до крајот на земјата: „Речете и на Сионската Ќерка: ‘Еве, твојот Спасител доаѓа. Еве, со Него Неговата плата, и Неговата награда пред Него!’”

12Тие ќе се наречуваат „Свет народ”, „Господови искупеници.” А тебе ќе те викаат: „Бараниот” - „Неоставениот Град.”

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Isaiah 62.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.