Isaiah 21MKB

1Пророштво за Приморската Пустина. Како што виорите дувајќи низ Негев доаѓаат од пустината, од стравотниот крај

2- ми се откри во страшно видение - така ограбувачот ограбува, запустувачот запустува. „Нафрли се, Еламу, опколи, Мидејо! Ќе ги докрајчам сите пискотници.”

3Затоа моите бедра се полни со грчеви; ме опфаќаат болки како болките на родилката; оглувев од збунетост, ослепев од страв.

4Срцето ми трепери, ужас ме опфати, примракот за кој копнеев стана страшилиште.

5Поставуваат стол, распростираат столна прекривка, се јаде и пие. Станете, кнезови мачкајте ги штитовите!

6Зашто Господ ми рече вака: „Оди, постави стражари! Нека јават, што ќе видат.

7Ако видат коњаници, вдвоени јавачи, јавачи на осли, јавачи на камили, нека внимаваат добро, со напрегнато внимание!”

8А стражарот извика: „Господару, постојано сум во стражарницата дење, јас престојувам на стража целата ноќ.”

9И ете, доаѓаат коњаници, двојни јавачи. Тие ми викнаа, тие рекоа: „Падна, падна, Вавилон! Сите кипови на неговите богови се искршија на земја.”

10Извршено жито, чедо на моето гумно, што чув од Господа над Воинствата, од Израелевиот Бог, ви јавив!

11Пророштво за Едом. Ми викаат од Сир: „Стражару, кое доба на ноќта е? Стражару, кое доба на ноќта е?”

12Стражарот одговори: „Утрото доаѓа, а потоа пак ноќта. Сакате ли да прашувате, прашајте, вратете се, дојдете!”

13Пророштво за Арабјаните. Почивате во пустинските грмушници, дедански каравани.

14Изнесете вода пред жедните жители на Темската Земја, излезете со леб пред бегалците.

15Тие бегаат пред мечевите, пред извлечениот меч, пред оптегнатиот лак, пред жестокиот бој.

16Да, вака ми рече Господ: „Уште една година, надничарска година, и ќе ја снема сета Кидарова слава.

17А од многубројните стрелци меѓу храбрите Кидарови синови малкумина ќе останат.” Така зборуваше Господ, Израелевиот Бог.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Isaiah 21.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.