Isaiah 18MKB

1Тешко ти земјо со крилести бубачки, отаде етиопските реки,

2тебе - која испраќаш гласници по море, и по вода во рогозови бродови: „Одете, брзо брзоодци, кон високиот народ, со темна кожа, кон народот од кого се бојат отсекогаш, народ жилав, завојувачки, чија земја е избраздена со реки.”

3Сите жители на земниот круг, и вие, жители на земјата, кога ќе се дигне знамето на ридот, гледајте; кога рогот ќе затруби, слушајте.

4Зашто вака ми зборува Господ: „Мирно ќе гледам од Своето место, како пладневната проѕирна жега, како росен облак за време на жетвената горештина.”

5Пред бербата, кога лозјата процветуваат, и цветот узрева во гроздови, со ножеви ќе ги пресечат подниците, ќе ги подврзат, ќе ги отстранат гранките.

6Сите ќе им бидат оставени на горските грабливци и на земните ѕверови. Грабливците ќе летуваат во нив и земните ѕверови ќе зимуваат.

7Во она време висок и темнокожен народ, народ од кого се бојат отсекогаш, жилав и завојувачки народ, чија земја е избраздена со реки, ќе Му донесува дарови на Господа над Воинствата, при местото на Името на Господа над Војските - на гората Сион.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Isaiah 18.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.