Genesis 40MKB

1Потоа виноцрпецот и лебопекарот на египетскиот цар му згрешија на својот господар - на египетскиот цар.

2Фараонот се налути на своите два дворјани, на главниот пехарник и на главниот пекар,

3па ги стави во затвор, во зградата на заповедникот на телохранителите - во истата темница каде беше затворен и Јосиф.

4Началникот на телохранителите одреди Јосиф да ги послужува. Откако поминаа во затворот некое време,

5тие двајца - виноцрпецот и лебарот на египетскиот цар, затвореници - видоа сон во иста ноќ. Секој сонуваше свој сон; и секој сон имаше свое значење.

6Кога Јосиф дојде утрото при нив, забележа дека се нерасположени.

7Ги праша фараоновите дворјани, кои беа со него во темницата, во зградата на неговиот господар: „Зошто сте денес така потиштени?”

8Му одговорија: „Видовме соништа, но нема никој да ни ги протолкува.” Јосиф им рече: „Зар толкувањето не Му припаѓа на Бога? Ајде, раскажете ми!”

9И главниот пехарник му го раскажа на Јосифа својот сон: „Сонував дека пред мене е лоза.

10На лозата имаше три млади прачки. И туку што распупи, расцвета и на нејзините гроздови узреаја зрната.

11Кога ја држев во раката фараоновата чаша, зедов грозје, го исцедив во фараоновата чаша, а тогаш ја ставив чашата во фараоновата рака.”

12Јосиф му рече: „Ова ти е значењето: трите млади прачки се три дни.

13По три дни фараонот ќе те помилува и ќе те врати на твоето работно место; пак ќе ја принесуваш чашата во фараоновата рака, како и порано, додека му беше виноцрпец.

14Кога пак ќе ти биде добро, спомни си дека и јас бев со тебе, па направи ми ја оваа услуга: спомни ме пред фараонот и обиди се да ме избавиш од домов.

15Зашто, навистина, бев одведен насила од земјата на Евреите; ни тука не сум сторил нешто лошо, а ме фрлија во темница.”

16Кога главниот лебар виде како Јосиф даде добро толкување, му рече: „Сонував дека три бели кошници ми беа врз главата.

17Во најгорната имаше разновидни печива, што пекар ги прави за фараонот, но птици јадеа од кошницата врз мојата глава.”

18Јосиф одговори: „Ова е значењето: трите кошници се три дни.

19По три дни фараонот ќе ја издигне твојата глава и ќе те обеси на дрво, па птиците ќе јадат месо од тебе.”

20На третиот ден, на фараоновиот роденден, тој направи гозба за сите свои царедворци и си спомна за главниот виноцрпец и за главниот лебар среде своите службеници.

21Го врати главниот виноцрпец во виноцрпачка служба, па и натаму ја ставаше чашата во фараоновата рака,

22а го обеси главниот лебар, како што Јосиф им протолкува.

23Сепак главниот виноцрпец не се сети за Јосифа - го заборави.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Genesis 40.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.