Ephesians 2MKB

1И вас, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови,

2во кои живеевте некогаш според векот на овој свет, според кнезот на воздушните сили - духот, кој дејствува сега меѓу синовите на непокорноста.

3Меѓу овие, и ние живеевме некогаш во своите телесни страсти, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите и бевме по природа чеда на гневот како и сите други.

4Но Бог, Кој е богат во милост - поради Својата голема љубов со која нè возљуби нас,

5нè оживе заедно со Христа и нас, кои бевме мртви поради нашите гревови, - по благодат сте спасени! -

6и со Него нè воскресна и со Него нè седна во небесните места, во Христа Исуса,

7та, во идните векови да го покаже преголемото богатство на Својата благодат, според Својата добрина кон нас во Христа Исуса.

8Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар!

9Не од делата, за да не се фали некој.

10Имено, Негово дело сме, создадени во Христа Исуса, за добри дела, кои Бог ги подготви однапред, за да живееме во нив.

11Затоа спомнувајте си, дека вие, кои некогаш бевте незнабошци по тело, и наречувани необрезани од оние, кои се наречуваа обрезани, и кои се тоа по телото, по човечко дело;

12во она време бевте без Христа, оттуѓени од израелското општество, и туѓи на заветите на ветувањето, без надеж и без Бога во светот.

13А сега во Христа Исуса, вие кои некогаш бевте далеку, станавте близу преку Христовата крв.

14Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двете направи едно, и го разурна преградниот ѕид, што ги делеше,

15и во Своето тело го уништи непријателството и законот со неговите заповеди и одредби, и создавајќи мир, од двата да создаде во Себе еден нов човек,

16и обата во едно тело да ги помири со Бога преку крстот, откако го уби врз него непријателството.

17Тој дојде да ви проповеда мир на вас, кои бевте далеку и мир на оние, кои беа близу:

18зашто преку Него, и едните и другите, имаме пристап при Таткото во еден Дух.

19Затоа, вие не сте веќе туѓинци и придојденици, туку сте сограѓани на светите и домашни на Бога,

20надѕидани врз основата на апостолите и пророците, а аголниот камен е Самиот Христос Исус,

21врз Кого целата стројно составена зграда расте во свет храм во Господа,

22врз кого и вие во Духот заедно се соѕидувате во Божјо живеалиште.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Ephesians 2.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.