Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Colossians 1

:
Macedonian - MKB
1 Павле, апостол на Исуса Христа преку Божјата волја и братот Тимотеј,
2 до светите и верни браќа во Христа, во Колос: благодат вам и мир од Бог нашиот Татко.
3 Му благодариме на Бог, и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, молејќи се секогаш за вас,
4 зашто чувме за вашата вера во Христа Исуса и за љубовта, која ја имате кон сите свети,
5 заради надежта која се чува за вас на небесата, за која чувте порано од вистинското слово на Евангелието,
6 кое дојде при вас, како и во целиот свет, и плодоносно расте како и при вас, од оној ден кога го чувте и ја запознавте Божјата благодат во вистината,
7 како што го научивте од Епафрас, наш возљубен сотрудник во службата, кој е верен Христов служител за вас,
8 кој и нè извести за вашата љубов во Духот.
9 Затоа и ние од оној ден кога го чувме тоа, не прекратуваме да се молиме за вас и да просиме да се исполните со познавање на Неговата волја во секоја мудрост и духовно разбирање,
10 ​така што да одите достојно за Господа и да Му бидете угодни во сè; за да бидете плодоносни во секое добро дело и за да растете во познавањето на Бога;
11 зајакнувајќи со секаква сила, сообразно со силата на Неговата слава, за секаква непоколебливост и трпение; со радост
12 да Му благодарите на Бога, Кој нè оспособи за учество во наследството на светите во светлината.
13 Тој нè избави од власта на темнината и нè пресели во Царството на Својот возљубен Син,
14 во Кого имаме откуп, преку Неговата крв; простување на гревовите.
15 Тој е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание,
16 зашто во Него е создадено сè што е во небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; сè е создадено преку Него и за Него.
17 И Тој е пред сè и сè во Него има свое сплотување.
18 Тој е и Глава на Телото, на Црквата: Тој е почеток, Првороден од мртвите, за да биде Прв во сè,
19 зашто во Него благоволи да се всели сета полнота,
20 и преку Него да измири кон Себе сè што е на земјата или на небото, творејќи мир преку крвта на Неговиот крст.
21 И вас, кои бевте некогаш отуѓени и непријатели, во своето мислење и во лошите дела,
22 сега ве измири преку смртта на Неговото човечко тело, за да ве изведе пред Себе: свети, непорочни и без вина,
23 само ако останете во верата засновани и цврсти и непоколебливи во надежта на Евангелието, кое го чувте, кое е проповедано на целото создание под небото и на кое јас, Павле, му станав служител.
24 Сега се радувам во своите страдања за вас - и во моето тело го дополнувам тоа што им недостига на Христовите маки, за Неговото Тело, Кое е Црквата,
25 на која јас и станав служител, според Божјото управителство, што ми е дадено за вас, за да го исполнам Божјото слово:
26 тајната, која беше сокриена за векови и поколенија, а која им е откриена сега на Неговите свети,
27 на кои Бог сакаше да им јави како е богата славата на оваа тајна меѓу народите: Христос во вас, надеж на славата.
28 Ние Го проповедаме Него, опоменувајќи го секој човек и учејќи го секој човек во сета мудрост, за да го претставиме секој човек совршен во Христа Исуса.
29 Затоа се трудам и се борам сообразно на Неговата делотворна сила, која дејствува силно во мене.