Amos 2MKB

1Господ зборува вака: „За три злосторства на Моав, за четири злодејства, одлуката е неотповиклива: зашто коските на едомскиот цар ги спалија во вар.

2Ќе пуштам оган на Моав за да ги изгори кариотските дворци, а Моав ќе умре во метеж, со бојна врева и со звукот на труба;

3ќе го истребам судијата во него и ќе ги умртвам сите кнезови со него,” говори Господ.

4Господ зборува вака: „За три злодејства на Јуда, за четири злосторства, одлуката е неотповиклива: зашто го отфрлија Господовиот Закон и не се придржуваа за Неговите одредби; ги заведоа лажните богови по кои одеа нивните татковци,

5ќе пуштам оган на Јуда, за да ги изгори ерусалимските дворци.”

6Господ зборува вака: „За три злостори, за четири злодејства, одлуката е неотповиклива: зашто го продаваа праведникот за сребро и бедниот за лесни обувки;

7зашто газат по главата на сиромавиот, и бедните ги водат на зло. Синот и таткото одат кај истата девојка за да го обесветат Моето свето име;

8и врз облеките земени во залог лежат покрај секој жртвеник; и пијат вино на обвинетите во домот на своите богови.

9Јас ги истребив пред нив Аморејците високи како кедар, силни како дабјето, Јас го уништив и плодот на нив и коренот под нив.

10Јас ве изведов од Египетската Земја и четириесет години ве водев по пустината за да ја завладеете Аморејската Земја.

11Јас издигнав пророци од вашите синови и назирејци меѓу вашите младинци. Не е ли така, Израелеви синови?” говори Господ.

12„Но вие ги натеравте назирејците да пијат вино, а на пророците им заповедавте: ‘Не пророкувајте!’

13Ете, Јас ќе ве притискам до земјата, како што притиска кола полна со снопје,

14не ќе има богатство за брзиот, силата не ќе го зацврсти силниот, јунакот не ќе се спаси,

15стрелецот не ќе се додржи, итриот тркач нема да избега, ниту јавачот ќе побегне,

16најхрабрите јунаци ќе бегаат голи во оној ден,” говори Господ.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for Amos 2.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.