1 Chronicles 13MKB

1Давид се советуваше со илјадниците, стотниците и со сите водачи.

2И тој му рече на целиот Израелев собор: „Ако ви е право та ако нашиот Бог Господ одлучил така, ќе испратиме гласници на сите други браќа во Израелевата земја, а исто така и на свештениците со нив и на левитите по градовите на нивните пасишта, за да се обединат со нас.

3Ќе го пренесеме кај себе Ковчегот на својот Бог, зашто навистина не го баравме во Сауловите денови.”

4Сиот собор одлучи да се направи така, зашто тоа беше право во очите на сиот народ.

5Така Давид го собра сиот Израелев народ од Египетскиот Сихор па до влезот во Емат, за да го донесат Божјиот Ковчег од Киријат-Јарим.

6Давид со сиот Израел тргна во Вал, во Киријат-Јарим, што е во Јуда, за да го пренесат оттаму Божјиот Ковчег наречен со името на Господа, кој престолува над херувимите.

7Го изнесоа Божјиот Ковчег на нова кола од Авинадавовата куќа; а Уза и Ахиј управуваа со колата.

8Давид и сиот Израел играа пред Господа со сета сила пеејќи наспоредно со звуци на гуслиња, псалтири, тапанчиња, на кимвали и на труби.

9Кога дојдоа до Хидоновото Гумно, Уза посегна со раката за да го придржи Ковчегот, зашто воловите не го превртија за малку.

10Но Господ се разгневи на Уза и го удри, зашто ја испружи раката кон Ковчегот. Таму умре пред Бога.

11На Давида му беше жал дека Господ го удри така Уза, и тој го нарече тоа место Ферес-Уза, како што се вика и ден-денес.

12Во тој ден Давид се исплаши од Господа и рече: „Како ќе го донесам кај себе Божјиот Ковчег?”

13Не го премести Ковчегот кај себе во Давидовиот Град, туку го засолна во куќата на Гетеецот Овид-Едом.

14И Божјиот Ковчег остана кај Овид-Едомовото семејство, во неговиот дом, три месеци. Затоа Господ ги благослови Овид-Едомовата куќа и сè што имаше.

Библија (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет, превод Душан Х. Константинов Copyright © 1999, 2004 by Loukas Foundation, The Netherlands

Choose Translation

Switch translation for 1 Chronicles 13.

Reading Settings

Paragraph viewDisplay verses as flowing paragraphs instead of individual lines
Show verse numbersDisplay verse numbers inline
Red letterHighlight the words of Christ in red

Sign in to save your reading preferences across sessions.