Bible

Upgrade

Your Church Presentations in Minutes

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Song of Solomon 7

:
Macedonian - 2006
1 Хорот: Сврти се, сврти се Суламитко, сврти се, сврти се, да те по­гледаме! Возљубениот: Зошто сакате да ја гледате Суламитката, како на оро манаимско?
2 Хорот: О, колку се убави нозете твои во сандали, ќерко знаменита! Облите колкови твои се како прстени, направени од рацете на вешт уметник,
3 папокот ти е како чаша тркалезна, никогаш без арома; утробата твоја купа пченица, опкружена со кринови;
4 двете твои гради како две јаренца, како близначиња на срна.
5 Вратот твој како столб од слонова коска; очите твои хешбонски езерца кај Бат-Рабимските порти; носот твој леванонска кула, свртена кон Дамаск;
6 главата твоја на тебе како Кармил; а косата на главата твоја како пурпур; и царот се заплетка во нејзините плетенки.
7 Возљубениот: О, колку си убава, о, колку си заносна, возљубена моја, со твојата убавина!
8 Таа твоја снага прилега на палма, а твоите гради на гроздови.
9 Си помислив: да се качев на палма, би се фатил за ветките нејзини; и твои­те гради би биле место гроздови, и ми­рисот од твоите ноздри како мирис на јаболко;
10 устата твоја е како најдобро вино. Возљубената: Тоа тече право кон воз­љубениот мој, и тече нечујно пре­ку ус­ните кои спијат.
11 Јас припаѓам на возљубениот мој, и тој копнее по мене.
12 Дојди, мил мој, да излеземе во по­лето, да ноќеваме во селските колиби;
13 утре рано ќе појдеме во лозјата, да видиме дали потерала лозата, дали се отвориле пупките, процутеле ли калин­ките; таму ќе те опсипам со милувања.
14 Мандрагорите веќе шират пријатен мирис, и до вратата наша има секакви најубави плодови, нови и стари; кои ги зачував за тебе, мил мој!