Bible

Transform

Your Worship Experience with Great Ease

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

Song of Solomon 5

:
Macedonian - 2006
1 Возљубениот: Дојдов во градината своја, сестричке, невесто, ја обрав смирната моја и мирисите мои, ги јадев медените питки со мојот мед, го пиев виното со моето млеко. Јадете, пријатели, пијте и наситете се, мили мои!
2 Возљубената: Спијам, но срцето мое е будно; ете го гласот на мојот воз­љубен, кој чука: Отвори ми сестро, ми­ла моја, гулабице моја, совршена моја, зашто главата моја е целата со роса покриена, и косата моја со ноќна влага.
3 Го соблеков хитонот свој, пак ли да го облекувам? Сум ги измила нозете свои, како да ги валкам?
4 Мојот возљубен ја протегна раката низ отворот, и срцето мое затрепери од него.
5 Станав да му отворам на мојот возљубен; од рацете ми капеше смирна, од прстите мои пријатен мирис на смирна врз дршката од клучалката.
6 Му отворив на мојот возљубен, а мојот возљубен си беше отишол. Душа­та ми премре, додека тој говореше; го барав, но не го најдов; го викав, но не ми се јавуваше.
7 Ме сретнаа стражарите, што го оби­колуваа градот, ме натепаа, ме изна­ранија; ми го симнаа превезот оние, што ги чуваа ѕидиштата.
8 Ве заколнувам, ќерки ерусалимски! Ако го сретнете мојот возљубен, каже­те му дека изнемоштувам од љубов.
9 Хорот: Со што е твојот возљубен по­добар од другите возљубени, о, најубава меѓу жените? Во што твојот возљубен е подобар од другите, па така нѐ заколнуваш?
10 Возљубената: Мојот возљубен е бел и румен, поубав од десет илјади други;
11 главата негова чисто злато; кад­рите негови брановидни, црни како гав­ран;
12 очите негови како гулаби крај водни потоци, што се капат во млеко, што стојат задоволни;
13 образите негови ароматен цветник, леи со миризливи билки; усните негови кринови од кои капе чиста смирна;
14 рацете негови златни валци, опсипани со топази; стомакот негов како сад од слонова коска, обложен со са­фири;
15 нозете негови мермерни столбови, поставени врз златни подлоги; изглед има како Ливан, величествен е како кедар;
16 устата негова е сладост, целиот е прекрасен. Ете, кој е мојот возљубен, и ете, кој е пријателот мој, ќерки еруса­лимски.