1Господ се зацари; се облече во величественост, Господ се препаша со сила, Тој вселената ја зацврсти и нема да се разниша.
2Твојот престол е утврден од почетокот на времето; Ти постоиш отсекогаш.
3Ги издигнаа реките, Господи, ги издигнаа реките гласовите свои.
4Но од бучењето на многуте води, од големината на морските бранови, почудесен е Господ во висините Свои!
5Сведоштвата Твои се многу вистинити. На твојот дом, Господи, му припаѓа светост за вечни времиња.