1Господи, кој може да престојува во Твоето живеалиште? Кој може да се всели на Твојата света гора?
2Оној, што оди непорочно, што врши правда и во срцето свое говори вистина.
3Кој не клевети со јазикот свој, не прави зло на ближниот свој и не го навредува ближниот свој;
4во неговите очи, злобникот е ништожен, а ги почитува оние што имаат страхопочит кон Господ; кој кога се колне на својот ближен, не порекнува;
5кој не дава пари на заем за лихва и не прима поткуп против невин. Кој така постапува, нема никогаш да се поколеба.